Intellilux LED®

Wellness AGR

Opel Eye

КОНФИГУРАТОР НА АВТОМОБИЛИ
ДИЗАЈН
НАДВОРЕШНОСТ

ЖИВЕЈ НА ГОЛЕМО.

Дарежливиот капацитет на багажниот простор од 1.630 литри и интелигентата, електрична врата со автоматско отворање¹ ја прават Sports Tourer вистински предводник во класата.

Греењето на задните седишта и другите иновативни велнес карактеристики ќе ви донесат луксуз во секојдневниот живот.1

1Опционално со Innovation и Dynamic. Не е достапно со Selection и Enjoy.

СВЕТЛА LED

ПРЕПОЗНАТЛИВИ СВЕТЛА LED.

 

Уникатните и препознатливи задни светла LED1 на Opel, во форма на „крила“, и дневните светла add style and give you visibility.1 Опционално

ТРКАЛА

ПРЕПОЗНАТЛИВИ ТРКАЛА.

Контурите на вашиот автомобил го застануваат погледот, а вашите гуми раскажуваат. Изберете помеѓу алуминиумски тркала од 16”, 17˝ или 18˝ за моќен став на Astra Sports Tourer.

СОНЧЕВ ПОКРИВ

СОНЦЕ И СВЕЖ ВОЗДУХ.

Вдишете свеж воздух со едноставен допир на копче. Големиот електричен стаклен сончев покрив¹ со вграден штитник од ветер ве чува од провев, додека истовремено ја држи топлината надвор. 1 Опционално

СПОРТСКИ ПАКЕТ НА ЛИНИЈА OPC

СПОРТСКИ И ДИНАМИЧЕН ДИЗАЈН

Спортските пакети на линијата OPC

за внатрешноста и надворешноста

ѝ даваат на Astra динамичен,

премиум изглед кој ги комбинира висококвалитетните материјали

со извонреден дизајн на

внатрешноста и

надворешноста.

Спортските пакети на OPC за внатрешноста се достапни како посебни дополнителни опции:

Спортскиот пакет OPC за внатрешност1 вклучува:

  • Управувач со рамно дно
  • Педали од легура
  • Црн таван
  • Спортски прекинувач


1Не е достапно со КПГ, сончев покрив или основен бензински мотор. Достапно само доколку е опремено со навигациски систем и предна камера.

ПАКЕТ ЦРН ПОКРИВ

ЦРНОТО Е УБАВО

 

Додајте повеќе карактер со избирање црни детали на вашата Astra. Новиот пакет со црн покрив воодушевува со својот стилизиран црн покрив и нејзините истакнати детали во дизајнот.

Со новиот пакет со црн покрив1 ќе се издвоите од толпата. Двобојниот дизајн го запира погледот и ѝ го дава на вашата Astra оној многу посебен изглед.

Пакетот со црн покрив вклучува:

  • Стилизиран црн покрив
  • Соодветни црни капаци на ретровизорите
  • Неверојатни црни 17-инчни тркала од легура
  • Два различни 18-инчни стилови на тркалата како опција

1Достапно со избрани бои.

ИНОВАЦИИ
ЕЛЕКТРИКА НА ЗАДНА ВРАТА

ИНТЕЛИГЕНТНА ЗАДНА ВРАТА.

Со интелигентата, електрична врата со автоматско отворање¹, товарењто и истоварувањето со Sports Tourer ќе ви претставуваат задоволство.

Сѐ што треба да направите е да замавнете со вашето стапало под задниот браник за да го отворите ја отворите или затворите вратата на багажникот. Дополнително, можете и со притискање на едно од копчињата на вратата на багажникот, вратата на возачот или вашиот клуч.

1 Стандардна опрема со Innovation. Опционална со Dynamic. Не е достапно со Selection и Enjoy.

INTELLILUX LED®

ПРЕДНИТЕ СВЕТЛА INTELLILUX LED® MATRIX.

Предните светла IntelliLux LED® Matrix1, први

во класата, ви даваат видливост со долги

светла без да ги вознемирувате другите

возачи. ¹Опционално

Предните светла IntelliLux LED® Matrix автоматски се прилагодуваат, така што можете да возите со долги светла без можноста да ги вознемирувате другите возачи.

Opel употребува интелигентна технологија онаму каде што треба:
– Вашите предни светла се состојат од 16 одделни LED-елементи
– Тие регираат на други возила со исклучување на единечни LED-светилки
– Вашите долги светла никогаш немаат одблесок
– Аголните светла дополнително ја подобруваат безбедноста
– Вие имате оптимално осветлување во секоја ситуација
– Возењето ноќе е побезбедно и многу порелаксирано
– Исклучителната сигурност овозможува максимална долготрајност

OPEL EYE

МУЛТИТАЛЕНТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ.

Opel Eye1 содржи:

  • Помош за препознавање сообраќајни знаци
  • Индикатор за растојание напред
  • Предупредување за судир напред
  • Систем за автоматско, итно сопирање во град
  • Активен индикатор за помош при држење во лента

Помош при препознавање сообраќајни знаци: овој напреден систем за детектирање на сообраќајни знаци ги прикажува ограничувањата на брзината и другите сообраќајни знаци, а дури и препознава привремени електронски знаци.

Индикатор за растојание напред: го мери растојанието до автомобилот пред вас и го предупредува возачот доколку растојанието стане критично.

Предупредување за судир напред: автоматското итно сопирање ве предупредува доколку има опасност да настане судир напред, И, до брзина од 60 km на час, се иницира автоматско итно сопирање.

Индикатор за возење во активната лента: предупредува и овозможува нежно враќање во лентата кога возачот ненамерно ќе започне да застранува од лентата.


1 Опционално

ПРИСТАП БЕЗ КЛУЧ.

ОТВОРАЊЕ И СТАРТУВАЊЕ БЕЗ КЛУЧ.

Системот за отворање и стартување¹ го препознава клучот и автоматски го отклучува возилото кога ќе му се приближите. Ви овозможува и стартување и сопирање без

клуч со едноставно притискање на копче. ¹Опционално

ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ

ЛЕСНО ПАРКИРАЊЕ.

Паркирање за професионалци: Совршеното паркирање до милиметар

е побрзо со напредната помош при паркирање и задната камера1.1 Опционално

АВТОМАТСКИ ТЕМПОМАТ

ВИСТИНСКО ДИРЕКТОРСКО ВОЗЕЊЕ.

Автоматскиот темпомат со целосен опсег на брзината овозможува возачко искуство без стрес.

Преку автоматско забрзување или успорување помеѓу брзини од 30 km/час до 180 km/час,  aвтоматскиот темпомат помага во одржување безбедно растојание до автомобилот пред вас во секое време.

Aвтоматски темпомат со целосен опсег на брзината.2. Дизајниран за сообраќајни метежи, FSRA овозможува темпоматот да работи дури и кога целосно ќе го запрете возилото.

2 Достапно само со одредени мотори и преноси.

ДОБРОСОСТОЈБА
СЕДИШТА AGR

ВЕЛНЕС СЕДИШТЕ.

Подобрете ја вашата добросостојба со мултиприлагодливите ергономски активни седишта1 со опција за масажа и вентилација.

Ергономски активните седишта1 за возач/совозач нудат широк избор на можности за прилагодување, вклучувајќи и поддршка на 'рбетот и продолжеток на перничето на седиштето за совршено да ја подесите вашата омилена седечка позиција. Внесете луксуз во вашиот ден со седиштето Wellness со вградени функции за масажа, вентилација и меморија за вашите лични подесувања.

1Oпционално со Enjoy, ергономски активното седиште за возачот е стандардно со Dynamic и Innovation.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЗАГРЕВАЊЕ

ГРЕЕЊЕ НА СЕДИШТАТА И УПРАВУВАЧОТ.

Со загреаните предни, па дури и задни

седишта, плус загреаниот управувач1 брзо

ќе се загреете во ладните утра. ¹Опционално

ПАМЕТНИ СОПИРАЧКИ

ЕЛЕКТРИЧНА ПАРКИРНА СОПИРАЧКА.

Системот автоматски се отпушта кога се враќате наназад. Исто така ослободува простор за погодната висока средишна конзола и наслонот за раце.

ПРОСТОР ЗА ТОВАРЕЊЕ

ЕКСТРАЛЕСНО ТОВАРЕЊЕ.

Големиот багажник (540-1630 l) и задните седишта со греење овозможуваат удобност при долгите патувања додека поделбата на задните седишта, со помош на

One Touch Fold со брзо отпуштање, ви нуди повеќе

опции во вашето секојдневие.

Поделбата на задните седишта на 40/20/40 е опциопнална. Ако сакате да ви биде едноставно, поделбата на седишта One Touch 60/40 е стандард. И двете опции се со копчето за брзо отпуштање One Touch Fold.

ЕФИКАСНОСТ ВО ВОЗЕЊЕТО
МОТОРИ

НОВА ГЕНЕРАЦИЈА МОТОРИ КОИ ДАВААТ ЕНЕРГИЈА.

Спортски, глатки и реактивни. Изберете од бензиските мотори до 147 kW (200 КС)1или дизел моторите до 110 kW (150 КС)2.

1Потрошувачка на гориво во l/km: во град 5,4-8,7, на отворено 4,1-5,6, комбинирано 4,6-6,7; издувување CO2 во g/km: комбинирано 107-154.
2Потрошувачка на гориво во l/km: во град 5,4-6,7, на отворено 3,6-4,4, комбинирано 4,3-5,2; издувување CO2 во g/km: комбинирано 112-137.

Во согласност со регулативите R (EC) бр. 715/2007 и R (EC) бр. 692/2008 (во соодветните верзии). 08/2018

ПРЕНОС

ЗГОЛЕМЕТЕ ЈА БРЗИНАТА!

Astra има понуда на пренос за сечиј вкус. Изберете помеѓу 5 или 6-брзинскиот рачен пренос или глаткиот 6-брзински автоматик.

5 или 6-брзинскиот рачен пренос е глаток и нуди одлична прецизност. Изберете го нашиот 6-брзински автоматски пренос за удобно, високоефикасно возење, особено во комбинација со системот старт/стоп.

СПОРТСКИ ПРЕКИНУВАЧ

ИЗБЕРЕТЕ ПОДИНАМИЧНО ВОЗЕЊЕ.

Спортскиот прекинувач ја изострува

реакцијата на педалата за гас и управувањето.

ECOTEC®

ЗАШТЕДЕТЕ ГОРИВО СО ECOTEC®.

ECOTEC® технологиите ја намалуваат потрошувачката на гориво и издувувањето. ECOTEC® помошта при возење ви овозможува да возите со оптимална ефикасност.

ШАСИЈА

СУСПЕНЗИЈА СО ВАТОВО ПОВРЗУВАЊЕ.

Суспензијата со Ватово поврзување на Astra Sport Tourer овозможува безбедно ракување без напор. Сѐ на сѐ - супериорно возење.1

1Опционално

КОНЕКТИВНОСТ
НАВИГАЦИЈА

СЕКОГАШ НА ПРАВИОТ ПАТ.

Означете ги точните насоки со вградениот Navi 4.0 IntelliLink1или Navi 900 IntelliLink1, навигациски инфозабавни системи кои вклучуваат револуционерни функции за поврзување.

Navi 900 IntelliLink1 ги содржи следниве карактеристики:

  • Вградена сателитска навигација со 2Д и 3Д прегледи
  • Напредни услуги за сообраќајот
  • Структуриран внес на дестинација или во 1 ред
  • 7-инчен екран на допир во боја
  • Интерфејс Bluetooth® за хендзфри разговори, аудио стриминг и пристап до именикот2
  • Радио функција AM/FM
  • Пуштање видеа преку USB2
  • Компатибилен со Apple CarPlay™3 и Android Auto™4

Navi 900 IntelliLink1 ги вклучува следните карактеристики како дополнение на Navi 4.0 IntelliLink:

  • 8-инчен екран во боја на допир2
  • Гласовна контрола
  • 4,2-инчен екран во боја во групата инструменти (достапен само за Dynamic и INNOVATION)
  • Ајкула-антена
  • Опција за CD-плеер
  • SHOP за преземање апликации5
  • СМС-отчитување и одговарање

1Oпционално
2Компатибилноста и функциите може да зависат од вашиот уред и верзијата на ОС.
3Apple CarPlay и Apple се трговски марки на Apple Inc., регистрирана во САД и други земји. Apple CarPlay™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.apple.com.
4Android е трговска марка на Google Inc. Android Auto™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.android.com.
5SHOP е достапна само доколку возилото е опремено со OnStar.

INTELLILINK

КОНЕКТИВНОСТ ВОДЕЧКА ВО КЛАСАТА СО INTELLILINK.

Поврзете се лесно со мултимедијалниот систем сѐ-во едно R 4.0 IntelliLink1 што е компатибилен со Android Auto™2 од Google или Apple CarPlay™3.

R 4.0 IntelliLink1 ги содржи следниве карактеристики:

  • 7-инчен екран на допир
  • Компатибилен со Apple CarPlay™1 и Android Auto™2
  • Bluetooth® за хендзфри телефонирање, аудио-стрминг и пристап до телефонскиот именик3
  • Радио функција AM/FM
  • Гледање на фотографии и видео преку USB3


1Опционално
2Apple CarPlay и Apple се трговски марки на Apple Inc., регистрирана во САД и други земји. Apple CarPlay™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот Оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.apple.com.
3Android е трговска марка на Google Inc. Android Auto™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.android.com.
4Само со компатибилни уреди

РАДИО

ЕДНОСТАВНО ПАМЕТНО СО BLUETOOTH.

R300 BT е далеку повеќе од радио. Bluetooth® за хендзфри телефон и аудио-стриминг и приклучокот

USB ве поврзуваат со дигиталниот свет.

ПРИКЛУЧОЦИ USB

КОНЕКЦИИ ЗА ПАТНИЦИТЕ.

Вашите патници назад имаат 2 приклучока USB, така што нема да се препираат за еден!