Новата Astra.
ЈА ВОЗНЕМИРУВА ПРЕМИУМ КЛАСАТА.
КОНФИГУРАТОР НА АВТОМОБИЛИ
ДИЗАЈН
НАДВОРЕШНОСТ

ФОРМАТА ЈА СЛЕДИ ЖЕЛБАТА.

Остри линии, атлетско вајарство и впечатлива

линија на „летечкиот“ покрив – дизајнот на

Astra го отсликува внатрешниот

динамички потенцијал.

LED СВЕТЛА

ПРЕПОЗНАТЛИВИ LED СВЕТЛА.

Уникатните задни LED светла1 со

препознатливото „крило“ на Opel и

дневните светла влеваат стил и видливост. ¹Опционално

ТРКАЛА

ПРЕПОЗНАТЛИВИ ТРКАЛА.

Контурите на вашиот автомобил запираат погледи, а вашите гуми кажуваат сѐ. 17-инчни и 18-инчни тркала за моќен став на Astra.

СОНЧЕВ ПОКРИВ

СОНЦЕ И СВЕЖ ВОЗДУХ.

Вдишете свеж воздух со само еден допир на копче. Големиот електричен, стаклен сончев покрив1, со вграден штитник за ветер, ве штити од провев, а со штитникот за сонце топлината ќе остане надвор.1 Опционално

OPC ЛИНИЈА СПОРТСКИ ПАКЕТ

СПОРТСКИ И ДИНАМИЧЕН ДИЗАЈН.

Спортските пакети на линијата OPC за

внатрешноста и надворешноста ѝ даваат на

Astra динамичен, премиум изглед кој ги

комбинира висококвалитетните материјали со

извонреден дизајн на внатрешноста и

надворешноста.

Спортските пакети на OPC за надворешноста и внатрешноста се достапни како посебни дополнителни опции:

Спортскиот пакет OPC за надворешност1 вклучува:

  • Спортски дизајн на задниот и предниот дел
  • Странични спуштени делови
  • Беџ на спортскиот пакет на линијата OPC

Спортскиот пакет OPC за надворешност1 вклучува:

  • Управувач со рамно дно
  • Педали од легура
  • Црн таван
  • Спортски прекинувач

1Достапно само во одредени бои.
2Не е достапно со КПГ, сончев покрив или основен бензински мотор. Достапно само доколку е опремено со навигациски систем и предна камера.

ПАКЕТ ЦРН ПОКРИВ

ЦРНОТО Е УБАВО.

Додајте повеќе карактер со избирање црни детали за вашата Astra. Новиот пакет со црн покрив воодушевува со својот стилизиран

црн покрив и неговите истакнати детали во дизајнот.

Со новиот пакет со црн покрив1 ќе се издвоите од толпата. Двобојниот дизајн го запира погледот и ѝ го дава на вашата Astra оној многу посебен изглед.

Пакетот со црн покрив вклучува:

  • Стилизиран црн покрив
  • Соодветни црни капаци на ретровизорите
  • Неверојатни црни 17-инчни тркала од легура
  • Два различни 18-инчни стилови на тркалата како опција

1Не е достапно со индиго сино, магнетно сребрено и смарагдно зелено.

ИНОВАЦИИ
INTELLILUX LED®

ПРЕДНИ СВЕТЛА INTELLILUX LED® MATRIX.

Видете и бидете видени. Предните светла IntelliLux

LED® Matrix1, први во класата, ви даваат

прегледност со долги светла без да ги

вознемирувате другите возачи.

¹Опционално

Предните светла IntelliLux LED® Matrix автоматски се прилагодуваат, така што можете да возите со долги светла без можноста да ги вознемирувате другите возачи.

Opel употребува интелигентна технологија онаму каде што треба:
– Вашите предни светла се состојат од 16 одделни LED-елементи
– Тие регираат на други возила со исклучување на единечни LED-светилки
– Вашите долги светла никогаш немаат одблесок
– Аголните светла дополнително ја подобруваат безбедноста
– Вие имате оптимално осветлување во секоја ситуација
– Возењето ноќе е побезбедно и многу порелаксирано
– Исклучителната сигурност овозможува максимална долготрајност

OPEL EYE

МУЛТИТАЛЕНТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ.

Opel Eye1 содржи:

  • Помош за препознавање сообраќајни знаци
  • Индикатор за растојание напред
  • Предупредување за судир напред
  • Систем за автоматско, итно сопирање во град
  • Активен индикатор за помош при држење во лента

Помош при препознавање сообраќајни знаци: овој напреден систем за детектирање на сообраќајни знаци ги прикажува ограничувањата на брзината и другите сообраќајни знаци, а дури и препознава привремени електронски знаци.

Индикатор за растојание напред: го мери растојанието до автомобилот пред вас и го предупредува возачот доколку растојанието стане критично.

Предупредување за судир напред: автоматското итно сопирање ве предупредува доколку има опасност да настане судир напред, И, до брзина од 60 km на час, се иницира автоматско итно сопирање.

Индикатор за возење во активната лента: предупредува и овозможува нежно враќање во лентата кога возачот ненамерно ќе започне да застранува од лентата.


1 Опционално

ПРИСТАП БЕЗ КЛУЧ.

ОТВОРАЊЕ И СТАРТУВАЊЕ БЕЗ КЛУЧ.

Системот за отворање и стартување¹ го препознава клучот и автоматски го отклучува возилото кога ќе му се приближите. Ви овозможува и стартување и сопирање без клуч со едноставно притискање на копче. ¹Опционално

ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ

ЛЕСНО ПАРКИРАЊЕ.

Паркирање за професионалци: Совршеното

паркирање до милиметар е побрзо со

напредната помош при паркирање и

задната камера1.1Опционално

АВТОМАТСКИ ТЕМПОМАТ

ВИСТИНСКО ДИРЕКТОРСКО ВОЗЕЊЕ.

Aвтоматскиот темпомат со целосен опсег на брзината овозможува возачко искуство без стрес.

Преку автоматско забрзување или успорување помеѓу брзини од 30 km/час до 180 km/час,  автоматскиот темпомат помага во одржување безбедно растојание до автомобилот пред вас во секое време.

Автоматски темпомат со целосен опсег на брзината.2. Дизајниран за сообраќајни метежи, FSRA овозможува темпоматот да работи дури и кога целосно ќе го запрете возилото.

2 Достапно само со одредени мотори и преноси.

ДОБРОСОСТОЈБА
СЕДИШТА AGR

КАЖЕТЕ ИМ ЗБОГУМ НА БОЛКИТЕ ВО ГРБОТ.

Подобрете ја вашата добросостојба со мултиприлагодливите ергономски активни седишта1 со опција за масажа и вентилација.

Ергономски активните седишта за возач/совозач нудат широк избор на можности за прилагодување, вклучувајќи и поддршка на 'рбетот и продолжеток на перничето на седиштето за совршено да ја подесите вашата омилена седечка позиција. Внесете луксуз во вашиот ден со седиштето Wellness со вградени функции за масажа, вентилација и меморија за вашите лични подесувања.

1Oпционално со Enjoy, стандардно со Dynamic и Innovation.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЗАГРЕВАЊЕ

ГРЕЕЊЕ НА СЕДИШТАТА И УПРАВУВАЧОТ.

Со загреаните предни, па дури и задни

седишта, плус загреаниот управувач1

брзо ќе се загреете во ладните утра. ¹Опционално

ПАМЕТНИ СОПИРАЧКИ

ЕЛЕКТРИЧНА ПАРКИРНА СОПИРАЧКА.

Системот автоматски се отпушта кога се враќате наназад. Исто

така ослободува простор за погодната висока средишна конзола

и наслонот за раце.

ПРОСТОР ЗА СКЛАДИРАЊЕ

ЕКСТРАЛЕСНО ТОВАРЕЊЕ

Со нискиот праг на багажникот, ќе ја товарите Astra за кратко време. И можете целосно да ги искористите нејзиниот великодушен простор за складирање.

ЕФИКАСНОСТ ВО ВОЗЕЊЕТО
МОТОРИ

НОВА ГЕНЕРАЦИЈА МОТОРИ КОИ ДАВААТ ЕНЕРГИЈА.

Спортски, глатки и реактивни. Изберете од бензиските мотори до 147 kW (200 КС)1или дизел моторите до 110 kW (150 КС)2 и КПГ со 81 kW (110 КС) за максимум ефикасност на горивото.

1Потрошувачка на гориво во l/km: во град 8.8–3,8, на отворено 5.4–3.1, комбинирано 6.5–3.4; издувување CO2 во g/km: комбинирано 143–89.
2Потрошувачка на гориво во l/km: во град 5.4-8.7, на отворено 3.8-5.6, комбинирано 4.5-6.7; издувување CO2 во g/km: комбинирано 107-154.

Во согласност со регулативите R (EC) бр. 715/2007 и R (EC) бр. 692/2008 (во соодветните верзии).

ПРЕНОС

ЗГОЛЕМЕТЕ ЈА БРЗИНАТА!

Astra има понуда на пренос за сечиј вкус. Изберете помеѓу 5 или 6-брзинскиот рачен пренос или глаткиот 6-брзински автоматик.

5 или 6-брзинскиот рачен пренос е глаток и нуди одлична прецизност. Изберете го нашиот 6-брзински автоматски пренос за удобно, високоефикасно возење, особено во комбинација со системот старт/стоп.

СПОРТСКИ ПРЕКИНУВАЧ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШЕТО ВОЗЕЊЕ.

Спортскиот прекинувач ја изострува реакцијата

на педалата за гас и управувањето.

ECOTEC®

ЗАШТЕДЕТЕ ГОРИВО СО ECOTEC®.

ECOTEC® технологиите ја намалуваат

потрошувачката на гориво и издувувањето.

ECOTEC® помошта при возење ви

овозможува да возите со оптимална

ефикасност.

ШАСИЈА

СУСПЕНЗИЈА СО ВАТОВО ПОВРЗУВАЊЕ.

Суспензијата со Ватово поврзување на Astra

Sport Tourer овозможува безбедно ракување без

напор. Сѐ на сѐ - супериорно возење.

КОНЕКТИВНОСТ
НАВИГАЦИЈА

СЕКОГАШ НА ПРАВИОТ ПАТ.

Означете ги точните насоки со вградениот Navi 4.0 IntelliLink1 или Navi 900 IntelliLink1, навигациски инфозабавни системи кои вклучуваат револуционерни функции за поврзување.

Navi 900 IntelliLink1 ги содржи следниве карактеристики:

  • Вградена сателитска навигација со 2Д и 3Д прегледи
  • Напредни услуги за сообраќајот
  • Структуриран внес на дестинација или во 1 ред
  • 7-инчен екран на допир во боја
  • Интерфејс Bluetooth® за хендзфри разговори, аудио стриминг и пристап до именикот2
  • Радио функција AM/FM
  • Пуштање видеа преку USB2
  • Компатибилен со Apple CarPlay™3 и Android Auto™4

 

Navi 900 IntelliLink1 ги вклучува следните карактеристики како дополнение на Navi 4.0 IntelliLink:

  • 8-инчен екран во боја на допир2
  • Гласовна контрола
  • 4,2-инчен екран во боја во групата инструменти (достапен само за Dynamic и INNOVATION)
  • Ајкула-антена
  • Опција за CD-плеер
  • SHOP за преземање апликации5
  • СМС-отчитување и одговарање

1Oпционално
2Компатибилноста и функциите може да зависат од вашиот уред и верзијата на ОС.
3Apple CarPlay и Apple се трговски марки на Apple Inc., регистрирана во САД и други земји. Apple CarPlay™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.apple.com.
4Android е трговска марка на Google Inc. Android Auto™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.android.com.
5SHOP е достапна само доколку возилото е опремено со OnStar.

INTELLILINK

КОНЕКТИВНОСТ ВОДЕЧКА ВО КЛАСАТА СО INTELLILINK.

Поврзете се лесно со мултимедијалниот систем сѐ-во едно R 4.0 IntelliLink1 што е компатибилен со Android Auto™2 од Google или Apple CarPlay™3.

R 4.0 IntelliLink1 ги содржи следниве карактеристики:
• 7-ичен екран на допир
• Компатибилен со Apple CarPlay™1 и Android Auto™2
• Bluetooth® за хендзфри телефонирање, аудио-стрминг и пристап до телефонскиот именик3
• Радио функција AM/FM
• Гледање на фотографии и видео преку USB3

1Опционално

2Apple CarPlay и Apple се трговски марки на Apple Inc., регистрирана во САД и други земји. Apple CarPlay™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот Оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.apple.com.

3Android е трговска марка на Google Inc. Android Auto™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот Оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.android.com.

4Само со компатибилни уреди

РАДИО

ЕДНОСТАВНО ПАМЕТНО.

R300 BT е далеку повеќе од радио. Bluetooth®

за хендзфри телефон и аудио-стриминг и

приклучокот USB ве поврзуваат

со дигиталниот свет.

ПРИКЛУЧОЦИ USB

КОНЕКЦИИ ЗА ПАТНИЦИТЕ.

Вашите патници назад имаат 2 приклучока USB,

така што нема да се препираат за еден!