ADAM S
Некомпромитираната работа на ADAM S доаѓа од оптималната комбинација на специјално подесената спортска суспензија и моторот со висок вртежен момент. Неговиот воодушевувачки дизајн го нагласува фактот: „S“ во ADAM S значи „Спортска Ѕвезда“.
ДИЗАЈН
НАДВОРЕШНОСТ НА ADAM S

СПОРТСКИ АВТОМОБИЛ СО СТИЛ

Дизајнот на ADAM S зборува за себе. Спојлерот на покривот, страничните плочки на прагот, предниот спојлер и продолжениот заден браник на S го комплетираат неговиот целосно атлетски изглед и ја истакнуваат неговата намена: спортски дух во најдинамичната форма.

ВНАТРЕШНОСТ

ИЗВОНРЕДЕН ОД ВНАТРЕ.

ADAM S не е спектакуларен само од надвор. Можете да користите елементи како тапацир, ретровизори, лепенки или осветлен внатрешен покрив за да го креирате вашиот сопствен стил.

ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

ВАШ КАРАКТЕР. ВАШ СТИЛ.

ADAM S не е како останатите автомобили: тој е уникатен. Што го прави толку посебен? Безбројните опции за персонализација. Можете да составите ADAM S што совршено ќе ви одговара на вашиот карактер.

ADAM S BLACK JACK

ПАКЕТ BLACK JACK ЗА ADAM S.

Прославете ја динамиката на вашиот ADAM S со пакетот BLACK JACK кој ви овозможува да направите контраст на вашата избрана боја со стилизирана црна хауба, црн ретровизор, црн покрив и затемнето задно ветробранско стакло.

ИНОВАЦИИ
Помош при паркирање

ЛЕСНО ПАРКИРАЊЕ.

Напредната помош за паркирање детектира паркинг место и го пресметува совршениот маневар. Едноставно изберете напред или рикверц според насоките и управувајте со педалата за гас и сопирачката. Сликата може да се разликува од производот на продажба.

Предупредување за странична слепа точка

НИЕ СМЕ НА ВАША СТРАНА.

Предупредувањето за слепа странична точка користи ултрасонично скенирање на страните и задната страна на автомобилот. Трепкачко светло во соодветниот надворешен ретровизор ве предупредува за каква било опасност.

Дневни светла LED
и задни светла LED

ВИДЕТЕ И ВИДЕТЕ ВИДЕНИ.

Дневните светла LED и задните светла LED ја подобруваат безбедноста на патот и изгледаат одлично. Тие се први во сегментот и многу енергетски ефикасни.

Пакет за внатрешно осветлување во повеќе бои

ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ.

Повеќебојниот внатрешен светлосен пакет ви овозможува да експериментирате со амбиенталното осветлување во вашиот автомобил. Менувајте се помеѓу 8 различни бои. Сликата може да се разликува од производот на продажба.

ДОБРОСОСТОЈБА
Опции за греење

ЗАГРЕЈТЕ СЕ.

Кажете му НЕ на мразот со зимскиот пакет на ADAM Ѕ. Добивате греење на предните седишта или управувачот – или двете. Целиот систем се управува преку прекинувач на таблата.

Спортски седишта Recaro

ЧУВСТВОТО НА ТРКАЧКА ПАТЕКА.

Врзете се и одиме: благодарение на анатомската прилагодливост и спортската седечка позиција, седиштата Recaro нудат идеални услови за динамично, безбедно и релаксирано возење.

Панорамски сончев покрив

ВИЕ ГО ИЗБИРАТЕ ВРЕМЕТО.

Сите го сакаат сонцето. Затоа можете да го опремите вашиот ADAM S со опционален панорамски сончев покрив. Изобилството на светло ја прави внатрешноста да изгледа поголема и посветла.

ЕФИКАСНОСТ ВО ВОЗЕЊЕТО
Мотори

ИЗБОР НА МОЌ.

ADAM S ќе ве воодушеви со силните перформанси на моќниот мотор 1.4 Turbo ecoТЕС со 110 kW (150 КС), 6-брзински менувач и системот старт/стоп. Потрошувачка на гориво во l/100 km: во град 7,6, на отворено 4,9, комбинирано 5,9; издувување CO2 во g/km: комбинирано 139. Класа на ефикасност D (Во согласност со Регулативата бр. 715/2007)

Перформанси на спортска суспензија

ЧУВСТВО НА КАРТИНГ.

Искусете совршено ракување и извонредна удобност при возењето благодарение на перформансите на спортската суспензија дизајнирана специјално за ADAM S.

КОНЕКТИВНОСТ
NAVIGATION

ПРИСТИГНЕТЕ НА ВРЕМЕ.

Специфицирајте прецизна и практична маршрута со вградениот Navi 4.0 IntelliLink кој вклучува револуционерни функции за поврзување.

Navi 4.0 IntelliLink ги вклучува следниве карактеристики:

  • Вградена сателитска навигација
  • Структуриран внес на дестинација или во 1 ред
  • 7-инчен екран на допир во боја
  • Компатибилен со Apple CarPlay™1 и Android Auto™2
  • Интерфејс Bluetooth® за хендзфри разговори, аудио стриминг и пристап до именикот3
  • Радио функција AM/FM
  • Пуштање видеа преку USB3


1Apple CarPlay и Apple се трговски марки на Apple Inc., регистрирана во САД и други земји. Apple CarPlay™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.apple.com.
2Android е трговска марка на Google Inc. Android Auto™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.android.com
3Само со компатибилни уреди

Инфозабава

НИШТО НЕМА ПОДОБРО ОД ДОБРА КОНЕКЦИЈА.

Со R 4.0 IntelliLink можете да ги поврзете сите ваши уреди преку Bluetooth® и USB и ви дозволува контрола на сите карактеристика преку дарежливиот 7-инчен екран на допир во боја.

Паметен телефон или таблет, Android или iOS – нашиот наградуван мултимедијален систем сѐ-во-едно беспрекорно се поврзува со сите уреди1. Со Apple CarPlay™2 или Android Auto™2 можете да користите одредени апликации и функции преку 7-инчниот екран на допир во боја или преку гласовното управување.

1 Компатибилноста и одредени функции може да се разликуваат во зависност од уредите и верзиите на оперативни системи што се користат.
2 Apple CarPlay и Apple се трговски марки на Apple Inc.,регистрирани во САД и други земји.
3 Androidе трговска марка на Google Inc. Може да не е достапно во вашата земја. За достапност на глобалните пазари, ве молиме проверете на веб-страниците на Apple  и Google/Android.

Преносна навигација

ЌЕ ОДАМ ПО ПРАВИОТ ПАТ.

Секогаш знајте каде сте со системот за навигација TOMTOM GO 40. Пректично е сместен во полначот FlexDock, така што ќе можете да го гледате дури возите.

Системот за навигација TOMTOM GO 40 совршено се вклопува во држачот FlexDock на Opel, каде исто така може и да се полни. Се нуди со Доживотна услуга TomTom за сообраќај за да стигнете до вашата дестинација побрзо, додавајќи уште поголема безбедност со 4,3-инчниот екран, 3D-мапите и мапа на Европа (45 земји).