ПРИВАТНОСТ И ПОЛИТИКА НА КОЛАЧИЊА.

Содржина

1. Типови на податоци што се обработуваат / Линкови до други веб-страницаови

2. Прибирање и употреба на лични и нелични информации

3. Употреба на колачиња

4. Веб-бикони и пиксели

5. Следење и анализа

6. Повторно таргетирање

7. Колачиња што ги користиме

8. Овозможување и оневозможување на колачиња и слични технологии

9. Интеракција со социјални медиуми

10. Право на информации во врска со вашите лични податоци / Поправка, блокирање или бришење

11. Право да го повлечете вашето барање

12. Измени на политиката за приватност

13. Контакт

Оваа веб-страница ја управува Opel Southeast Europe LLC (“Opel”) и ја хостира на сервер на General Motors Holdings LLC (Мичиген, САД). Сите други микро-страници управувани од Opel Southeast Europe LLC се хостираат во Европа. Регистрираните канцеларии на Southeast Europe LLC се наоѓаат во Унгарија на 2040 Budaörs Szabadság Str. 117.

Ве молиме внимателно прочитајте ја оваа политика пред да ја користите оваа веб-страница бидејќи објаснува како ги обработуваме личните податоци и како ги користиме колачињата. Доколку ја користите ова веб-страница, вие ја прифаќате оваа политика.

1. Типови податоци што се обработуваат / Линкови до други веб-страници

Opel се грижи за вашата приватност. Ние собираме и обработуваме различни видови лични податоци преку оваа ваб-страница. Тука се вклучени:

  • Информациите што ни ги обезбедувате кога се регистрирате, пуштате барања или ги користите нашите услуги и нашата веб-страница, како што се име, адреса, e-пошта, како и датотеки со слики поставено од вас како корисник.
  • Информациите што ни требаат кога пријавувате проблем со нашата веб-страница.
  • Информациите собрани со колачињата.

Оваа веб-страница може да содржи линкови до други веб-страници на Opel или веб-страници на нашите партнери на Opel, овластени работилници, други поврзани компании или веб-страниците на социјалните медиуми. Кога ќе кликнете на таков линк до која било од тие други веб-страници на Opel или трети страни, ве молиме имајте во предвид дека овие веб-страници имаат сопствени политики за приватност на личните податоци. Ве молиме проверете ги нивните политики за приватност при користење на овие веб-страници.

Оваа веб-страница може да содржи и iFrames со содржина од други веб-страници на Opel или на веб-страници на трети лица. Opel не е одговорен за содржината на трети лица презентирана во iFrames. Информациите презентирани таму се единствена одговорност на оние кои се сопственици на веб-страницата. Opel нема контрола ниту одговорност за содржината на независните веб-страници и обезбедува надворешни содржини за своите посетители за нивната погодност. Како резултат на тоа, кога посетувате страница со таква содржина, вие можно е да треба да ги прифатите колачињата од таа веб-страница на трети лица. Opel не ја контролира дистрибуцијата на овие колачиња. Ве молиме проверете ја политиката на приватност на третото лице за повеќе информации.

Ве известуваме дека Opel не може да прифати никаква одговорност или обврска за веб-страниците на трети лица.

2. Прибирање и употреба на лични и нелични информации

Кога ќе ги поднесете личните податоци до Opel, ние ќе ги чуваме и обработуваме овие ваши информации со цел да одговориме на вашето барање/а, за маркетинг и истражување на пазарот, за услугите за клиентите, за анализа на податоците за продажба и за да контактираме со вас во согласност со вашиот префериран начин на контакт. Доколку е потребно, ние исто така можеме да побараме од вас да учествувате во истражувањата што се поврзани со маркетингот, пазарот и целите поврзани со истражување на мислењето доколку се согласувате.

Ние, исто така, им пренесуваме информации на компаниите ширум светот поврзани со Opel, нашите партнери на Opel и овластените работилници и даватели на услуги за горенаведените цели.

До степен до кој личните податоци се пренесуваат и се обработуваат во земји надвор од Европската економска зона (ЕЕЗ) (на пример, за целите на техничко складирање и обработка од страна на давателот на услуги за обработка на податоците во САД), ова е секако во целосна согласност со важечките законски одредби за заштита на личните податоци. За жал, преносот на податоци преку Интернет не е целосно безбеден. Иако ние ќе сториме сѐ за да ги заштитиме вашите лични податоци, не можеме да ја гарантираме безбедноста на вашите податоци пренесени преку нашата веб-страница. Вашите податоци ќе се пренесуваат исклучиво преку заштитен сервер.

Нема да ги продаваме вашите лични податоци или да ги споделуваме со кои било други компании за нивна сопствена употреба без претходно известување или, по потреба, без ваша согласност.

Ние ќе ве контактираме само по електронски пат доколку изрично се согласите на тоа.

За да ја ​​оптимизираме оваа веб-страница во однос на системот на перформанси, употребливоста и обезбедувањето на корисни информации за нашите производи и услуги, ние автоматски ги собираме и складираме информациите во дневник-датотеки на вашиот компјутер. Тука спаѓаат вашата IP-адреса, тип на пребарувач и поставки за јазикот, оперативен систем, провајдер на Интернет-услуги (ISP) и датум/време на печатење. Ова се статистички податоци за користењето на пребарувач и Интернет модели на нашите корисници.

Ние ги користиме овие информации за ефикасно да управуваме со веб-страницата, да научиме повеќе за однесување на нашите корисници на целата страница, да ги анализираме трендовите и да собереме демографски податоци за нашите корисници како целина. Собраните информации може да се користат за нашите маркетинг и рекламни услуги и комуникации (на пример, оптимизирање и подобрување на корисничкото искуство, обезбедување повеќе атрактивни специјални понуди и услуги).

Ако ние ги користиме неличните заедно со личните податоци, овие податоци се третираат како лични податоци онолку долго колку што тие ќе останат искомбинирани.

3. Употреба на колачиња

Оваа веб-страница, пораките преку е-пошта, онлајн услугите, рекламите и интерактивните активности користат „колачиња“ за оптимизација на нашите услуги.

  • Што е „колаче“?

„Колаче“ претставува мала датотека, која вообичаено се состои од букви и броеви кои ги праќаме во датотеката на колачето на пребарувачот на хард-дискот на Вашиот компјутер од страна на нашиот веб-сервер. Главната цел на колачето е да му овозможи на нашиот веб-сервер да му ги покаже на корисникот прилагодените веб-страници кои го прават искуството кога се посетува веб-страницата на Opel поперсонално и посоодветно на индивидуалните потреби на корисникот.

  • Какви видови на колачиња користи оваа веб-страница?

Opel Southeast Europe LLC користи два вида на колачиња на оваа веб-страница:

Колачињата се делат на следниов начин:

• Основни колачиња,

• Колачиња за перформанси

• Упорни колачиња

Основни колачиња

Основните колачиња им овозможуваат на корисниците да се движат низ веб-страницата и да ги користат нејзините карактеристики. Без овие колачиња, не може да се обезбедат бараните услуги, како што се нашиот конфигуратор на возила, функцијата локатор на дилери или формуларите за барање.


Ние го користиме основните колачиња да:

• Се осигуриме дека функциите на веб-страницата и функциите воопшто се извршуваат правилно, и

• Ви овозможиме да го зачувате вашиот избор во конфигураторот за возила, и

• Да ви овозможиме да ја испланирате рутата до најблискиот дилер од локаторот за дилери.

Колачиња за перформанси

Колачињата за перформанси собираат информации за тоа како корисниците ја користат нашата веб-страница. Тие ни помагаат да ја подобриме функционалноста на нашата веб-страница, да видиме кои области се од поголем интерес за нашите клиенти и да дознаеме повеќе во врска со ефикасноста на нашите рекламни кампањи. Сето ова ни помага да им понудиме на нашите корисници услуги и функции кои најдобро ги задоволуваат нивните потреби.

Ние ги користиме колачињата за перформанси да:

• Креираме статистички податоци за тоа како се користи нашата веб-страница,
• Видиме колку се ефикасни нашите рекламни кампањи, и;
• Ги прегледаме неличните податоци поврзани со однесувањето на корисникот, а со тоа и да ја подобриме нашата веб-страница.


Некои од колачињата за перформанси се овозможени од страна на овластени трети лица, но ние не дозволуваме колачињата да се користат за други цели освен оние споменати погоре.

Упорни колачиња


Таканаречените „упорни колачиња“ се зачувуваат на компјутерот или уредот на корисникот помеѓу сесиите на пребарувачот. Тие се користат за одржување на поставките или преференците и за подобрување на употребата на веб-страницата при следната посета. Некои од овие колачиња се овозможени од страна на овластени трети лица.


Ние користиме „упорни колачиња“ да:

• Обезбедиме за www.opel.mk понуди за кои мислиме дека можат да бидат од интерес за нашите корисници,

• Обезбедиме за нашите медиуми и маркетинг-партнери информации за вашата посета, така што тие можат да понудат персонализирани реклами;
• Споделиме информации со партнерите кои нудат услуги на нашата веб-страница. Информациите се споделуваат само за да се обезбеди услуга, производ или функција (на пример, функцијата за одбирање бои во конфигураторот на возила) и не се користат за други цели.

Некои „упорни колачиња“ се овозможени од страна на овластени трети лица, но ние не дозволуваме колачињата да се користат за други цели освен оние споменати погоре.

4. Веб-бикони и пиксели

Оваа веб-страница содржи веб-бикони (исто така наречени „пиксел тагови“). Веб-бикон е често пати транспарентен графички приказ, вообичаено не поголем од 1 пиксел x 1 пиксел, кој е поставен на веб-страница или во е-пошта, а кој се користи за следење на онлајн однесувањето на корисникот кој ја посетува веб-страницата или испраќа е-пошта. Веб-биконите се користат од страна на технологиите на трети лица (на оваа веб-страница се користат тие на Omniture Publish) за да ја следат активноста на корисниците на оваа веб-страница. Тие дозволуваат да се следи кој компјутер пристапил на одредена веб-страница, кога и од каде (држава/ниво на град).

5. Следење и анализа

За континуирана оптимизација на својата маркетиншка комуникација, Opel го користи аналитичкиот софтвер „Omniture Publish“ на Adobe Inc. Тој овозможува следење на онлајн однесувањето во поглед на времето, географската локација и користењето на оваа веб-страница. Овие податоци се собираат по пат на следење на пикселите и/или колачињата. Податоците добиени преку следењето на пикселите и/или колачињата се анонимни и нема да бидат поврзани со лични податоци. Сите податоци кои се потребни за оваа анализа се чуваат на сервери во Германија. Opel не ги споделува овие податоци со ниту едно трето лице за негова независна употреба. Доколку не се согласувате со анализата, тоа можете да го сторите тука:

http://www.adobe.com/privacy/opt-out.html

6. Повторно таргетирање

Со користење на колачиња за повторно таргетирање, ние сме во можност да направиме нашите понуди да се поинтересни за нашите корисници. Колачињата за повторно таргетирање се складираат на компјутерот или уредот на Интернет корисникот во текот на сесиите на пребарување. Тие им овозможуваат рекламирање на производи на партнерите на Opel и на веб-страниците на социјалните медиуми за корисници кои се заинтересирани за производите на Opel.

Вметнувањето на овие реклами е целосно анонимно врз основа на технологијата на колачиња. Никакви лични податоци (како што е IP адреса или слично) не се зачувуваат, ниту пак кориснички профили се спојуваат со вашите лични податоци.
Исто така, никакви податоци поврзани со корисникот нема да бидат доставени до некој партнер или веб-страница на социјални медиуми. Рекламирањето, исто така, е целосно анонимно.

Имате опција во секое време да ја деактивирате употребата на колачињата за повторно таргетирање со кликнување на следниов линк: http://www.turn.com/privacy/opt-out-of-the-turn-platform

7. Колачиња што ги користиме

Во овој дел, ние ќе ве информираме за колачињата кои се користат на нашата веб-страница. Ако не се согласувате со поставување на индивидуалните колачиња, можете да го исклучите соодветното колаче со кликнување на името на колачето. Ако не постојат директни линкови за деактивирање за некои колачиња, употребата на колачиња може да се ограничи во поставките на вашиот Интернет пребарувач, види точка 8.

7.1 Колачиња за десктоп веб-страница

Овие колачиња за следење на онлајн рекламирање ќе ви прикажат релевантни онлајн реклами врз основа на тоа што го гледате и кликнувате, како и страни на нашата веб-страница кои сте ги посетиле.

Овие колачиња се користат за да се избројат посетителите на нашата веб-страница и да се измери колку се користи веб-страницата:

Овие колачиња се користат за да се испита користењето на нашата веб-страница за цели за оптимизација:

Ова колаче осигурува дека онлајн истражувањата кои веќе сте завршиле или сте ги одбиле нема да се прикажат повторно.

Ова колаче се користи за да се испита користењето на нашата веб-страница за прикажување ваучер-програми за одредени шеми на употреба.

7.2 Колачиња за мобилни веб-страници

Ова колаче го идентификува корисникот во анонимна форма. Содржи информации за повеќе лични поставки на корисникот на веб-страницата (јазик, критериуми за пребарување, конфигуриран модел, итн.) и зачувува одредени секвенци на интеракција за да се обезбеди флексибилна навигација и навигација помеѓу индивидуалните страници.

  • FITSID

Овие колачиња зачувуваат информации за тоа како посетителите ги користат нашите мобилни страници и нѝ помагаат постепено да ги развиеме нашите мобилни страници во зависност од вашите интереси:

  • lgin
  • lastUrl
  • s*
  • s_cpc
  • s_evar_34
  • s_evar_35
  • s_fid
  • s_getval_2
  • s_ria
  • s_sq
  • s_sq
  • s_sv_sid
  • s_vi
  • s_invisit
  • s_nr
  • s_vnum

Ова колаче покажува дека колачињата се овозможени во вашиот пребарувач:

  • S_cc

Овие колачиња се користат за да се избројат посетителите на нашата веб-страница и да се измери колку се користи веб-страницата:

Ова колаче се користи за да се испита користењето на нашата веб-страница за цели за оптимизација:

Ова колаче осигурува дека онлајн истражувањата кои веќе сте завршиле или сте ги одбиле нема да се прикажат повторно:

Ова колаче содржи линкови преку кои корисникот дошол до мобилната веб-страница. Ова колаче е потребно за следење:

  • Fitreferrer / Original referrer

Ова колаче се користи за да се соберат информации кои се важни за обработка на софтверот FIT што се користи за мобилната веб-страница (https://developer.sevenval.com/docs/)

  • fitdetection

8. Овозможување и оневозможување на колачиња и слични технологии

Менито „Помош“ („Help“) во лентата со алатки на Интернет пребарувачот на вашиот компјутер ги дава следниве информации за корисниците:

• Како да се спречи прифаќањето на нови колачиња во пребарувачот;
• Како да го поставите пребарувач да ве извести кога ќе примите нова колаче;
• Како целосно да ги исклучите колачињата.


Доколку колачињата се оневозможени, тогаш поголемиот дел од содржината на www.opel.mk исто така ќе се оневозможи, на пример, локаторот на дилери, конфигураторот на возила и кориснички релевантните понуди може да не се прикажат правилно. За да се спречи ова, ние препорачуваме да ги овозможите колачињата.
Постојат многу онлајн информации за колачиња во случај да сакате да прочитате повеќе. Посетете ја на пример: http://www.allaboutcookies.org

9. Интеракција со социјални медиуми

Грижа за корисници и помош преку социјални медиуми

Можете да контактирате со Opel Southeast Europe LLC исто така преку нашите канали на социјалните медиум. Пр., ако ни испратите порака или објавите нешто на нашите канали на социјалните медиуми, ние може да ги искористиме информациите во вашата порака или објава во последователната комуникација со вас во врска со вашето прашање за кое сте контактирале со нас преку социјалниот медиум што сте го користеле. Со цел да ви се даде помош, ние може да ви побараме да обезбедите преку директна или приватна порака дополнителни информации, како што се детали за ова прашање, име, е-пошта, број на шасија, телефон, локација (град/држава) и/или марка, модел и година на возилото. Информациите што ги давате нема да се користат за директен маркетинг; истражување на пазарот за услугите и производите ќе се врши само врз основа на збирни (анонимни) податоци.


Ве молиме имајте во предвид дека не треба да вклучувате чувствителни податоци (како што се се информации за расно или етничко потекло, политички мислења, религиозни или филозофски убедувања или здравје) во вашата објава или порака. Бидете свесни дека ако објавите нешто на јавен социјален медиум, секој може да биде во можност да го прочита.

Дополнителни програми за социјалните медиуми (Plug-in)

Фејсбук (Facebook)

Нашиот канал на Фејсбук не ги користи оригиналните социјални дополнителни програми („plugins“) на facebook.com на социјалната мрежа Фејсбук, управувана од Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2, Ирска („Facebook“), туку користи нивна изменета форма.

Ние ги изменивме дополнителните програми на оваа веб-страница, така што трансферот на Фејсбук на податоци кои можат да бидат поврзани со лице се одвива само по кликнување на копчето Сподели.

Со кликнување на копчето Сподели, дополнителната програма се активира и вашиот Интернет пребарувач воспоставува директна врска со серверите на Фејсбук. Содржината на приклучокот се пренесува од Фејсбук директно во пребарувачот, кој ја интегрира во веб-страницата. Затоа немаме влијание врз обемот на податоци кои Фејсбук ги собира со оваа дополнителна програма. Затоа ве информираме врз основа на достапните информации за нас:
Со кликнување на копчето Сподели, Фејсбук добива информации кои сте ги повикале на соодветната страна на нашата веб-страница. Доколку сте најавени на Фејсбук, Фејсбук може да ја додели вашата посета на вашиот Фејсбук профил. Кога сте во интеракција со дополнителните програми, на пример, со кликнување на копчето Сподели, соодветните информации се пренесуваат од вашиот пребарувач директно на Фејсбук, каде што се зачувуваат. Ако не сте член на Фејсбук, повторно е возможно Фејсбук да ја добие и зачува вашата IP-адреса. Во Германија се зачувува само анонимизирана IP адреса според Фејсбук.
За целите и обемот на собирање на податоци и последователната обработка и користење на податоците од страна на Фејсбук по кликнување на копчето Сподели, како и вашите права и поставки кои можете да ги конфигурирате за заштита на вашата приватност, ве молиме консултирајте се изјавата за приватност на Фејсбук https://www.facebook.com/about/privacy/.

Гугл + (Google+)

Оваа веб-страница не ги користи оригиналните дополнителни програми за „ google + 1" (Google Plus), овозможени и управувани од страна на Google Inc, 1600 Amphitheatre Parkway, Mountain View, CA 94043, САД („Google“),туку користи нивна изменета форма.

Ние ги изменивме дополнителните програми на оваа веб-страница, така што трансферот на Google на податоци кои можат да бидат поврзани со лице се одвива само по кликнување на копчето „+“

Со кликнување на копчето „+“, се активира дополнителната програма и вашиот Интернет пребарувач воспоставува директна врска со серверите на Google. Содржината на дополнителната програма потоа се пренесува на вашиот Интернет пребарувач, кој ја интегрира во веб-страницата која се прикажува. Ова испраќа информација до Google дека сте ја посетиле нашата веб-страница.

Ако сте најавени со лична сметка на Google со Google Плус или Google додека ја посетувате нашата веб-страница, Google може ја додели вашата посета на веб-страницата на вашата сметка. Со кликнување на копчето оваа информација се пренесува директно на Google, каде што се зачувува. Ако сакате да се спречи овој трансфер на податоци, ќе мора да се одјавите од вашиот профил на Google Плус или Google пред посетата на нашата веб-страница.

Ние немаме влијание врз обемот и содржината на податоците кои ги собира Google со копчето. Не можеме да ја исклучиме можноста дека вашата IP-адреса се собира и пренесува. За целите, обемот и користење на податоците собрани од страна на Google Inc., ве молиме да се осврнете на вашите податоци во изјавата за приватност: https://developers.google.com/+/web/buttons-policy


Ако сте член на Google Плус или сте логирани на Google и не сакате Google да ги собере вашите податоци кога ја отварате нашата веб-страница и да ги поврзе со вашите членски податоци кои се чуваат од страна на Google, ќе мора да се одјавите од Google Плус или Google пред посетата на нашата веб-страница.

Твитер (Twitter)

Нашата веб-страница содржи функции на Twitter Inc., 795 Folsom Street, Suite 600, Сан Франциско, CA 94107, САД. Кога го користите Твитер, а особено функцијата „ Re-Tweet“, Твитер го поврзува вашиот профил на Твитер со веб-страниците кои сте ги посетиле. Ова се споделува со други корисници на Твитер, особено вашите следбеници. Податоците, исто така, се пренесуваат на Твитер на овој начин. Ние, како снабдувач на нашата веб-страница, не сме информирани од страна на Твитер за содржината на пренесените податоци или нивната употреба. Можете да добиете дополнителни информации на следниот линк: http://twitter.com/privacy.

Сепак, имајте на ум дека можете да ги промените поставките за приватност на Твитер во поставките на сметката на http://twitter.com/account/settings.

Извор: Flegl Rechtsanwälte GmbH

10. Право на информации во врска со вашите лични податоци / Поправка, блокирање или бришење

Вие можете во секое време да побарате информации за личните податоци складирани за вас, за потеклото на податоците, примателите на податоците, целта за складирање, како и лицата и фирмите на кои ние редовно ги пренесуваме вашите лични податоци. Покрај тоа, вие имате право да ги ажурирате, поправате, блокирате или бришете вашите податоци во согласност со законските одредби.

Ако сте ги доставиле вашите лични податоци и би сакале да знаете дали и кои лични податоци ќе се чуваат кај нас, или ако би сакале информации за користењето на вашите податоци или исправката/блокирањето/бришењето на вашите податоци, контактирајте со нас преку email-a до центар за помош на корисници кај cac@opel.com.

11. Право да го повлечете вашето барање

Вие имате право да ја повлечете вашата согласност во секое време. Повлекувањето на вашата согласност нема да влијае на законитоста на обработката врз основа на вашата согласност пред повлекувањето.

12. на политиката за приватност

Сите идни промени на нашата политика на приватност ќе бидат објавени на оваа веб-страница. Ве молиме редовно да ја проверувате нашата политика на приватност за ажурирања и промени.

13. Контакт

Ако имате било какви прашања, коментари и барања во однос на оваа политика на приватност, Ве молиме контактирајте со нас преку:

Opel Southeast Europe LLC

cac@opel.com

Верзија: Февруари 2017 год.