ОСТАВЕТЕ ТРАЕН ВПЕЧАТОК.

ПРВ ВПЕЧАТОК: ПРВА КЛАСА.

Новиот и цврст Vivaro доминира со патот со својата моќна хромирана решетка и извајаните лакови на тркалата, додека неговите храбри предни фарови со дневни светла ја подобруваат видливоста и безбедноста.

ВИСОКОТЕХНОЛОШКИ МОТОРИ.

Одлична моќност и конкурентна потрошувачка на гориво: понудата на моќните турбо и би-турбо дизел модели според стандардот Euro 6 на Vivaro доаѓаат со глаткиот 6-брзински рачен менувач за динамично возење.

РАЗЛАДЕНО И УДОБНО.

Климатизацијата за возачкиот и патничкиот дел помага да се одржи постојана температура во кабината, зголемувајќи ја удобноста и намалувајќи ја кондензацијата.

ПАРКИРАЈТЕ ЛЕСНО СО ПАРКИРНИОТ ПИЛОТ.

Задната камера1 ви дава супериорен поглед на просторот зад возилото. Можете да ја проверите траекторијата на патеката кога се користи во комбинација со Navi 80 IntelliLink. 1Oпционално

ПОВРЗАНА И ЕФЕКТИВНА - САТЕЛИТСКА НАВИГАЦИЈА INTELLILINK.

Врвниот Navi 80 IntelliLink1 вклучува 3D, поглед од птичја перспектива и напредна гласовна контрола, како и бесплатни услуги во реално време TomTom® до 2020 год. за пристап до информации за сообраќајот.

ПОМОШ ЗА ХИДРАУЛИЧНАТА СОПИРАЧКА.

Ако Vivaro идентификува неизбежна ситуација за сопирање, системот за помош со хидрауличната сопирачка ќе ја зголеми силата на сопирање за да се намали растојанието на сопирање.

DER TRANSPORTER.

Овој превозник на луѓе е дизајниран да ги доведе вашите работници на градилиштето. Ако треба да ги транспортирате луѓето на најефикасен начин, Combi е тука за вас.

ДОДАТНА ОПРЕМА - НАПРАВЕНА СПЕЦИЈАЛНО ЗА ВАС

Со оригиналната додатна опрема на Opel можете да се искажете себе си и максимално да го искористите вашето возило. Дизајнирана и тестирана за вашиот Opel.