MOKKA X.
КОНФИГУРАТОР НА АВТОМОБИЛИ
ДИЗАЈН
НАДВОРЕШНОСТ

ПРЕМИУМ ПО ДИЗАЈН.

MOKKA X ѝ носи премиум дизајн на SUV категоријата и нејзината итрина по улици. Храбрите и мускулести линии го запираат погледот, додека повисокото ниво на седење и големите тркала од лесна легура ја покажуваат нивната способност за земјен пат.

ОПРЕМЕНОСТ И ТКАЕНИНИ

ШТО НУДИ ЗА ТЕБЕ

Новата MOKKA X доаѓа со впечатливи нови комбинации на ткаенини и лајсни. Вниманието на детали го зајакнува премиум карактерот внатре во вашиот автомобил.

ТРКАЛА

КРЕИРАЈТЕ КАРАКТЕР.

Какви тркала да одберете за вашата MOKKA X, харизмата е загрантирана. Изберете помеѓу 16", 17", 18" и 19" тркала од лесна легура.

СОНЧЕВ ПОКРИВ

НЕКА БИДЕ ВНАТРЕ КАКО НАДВОР.

Нека биде внатре како надвор. Големиот опционален сончев покрив го дополнува чувството за просторност внатре.

OPC ЛИНИЈА СПОРТСКИ ПАКЕТ

ВИСТИНСКИ ИЗВЕДУВАЧ.

Додадете енергија и мускули со спорсткиот пакет на линијата на Центарот за перформанси на Opel (OPC). Страничните лајсни и плочите за пролизгување напред и назад го доловуваат духот на тркањето.

ИНОВАЦИИ
ADAPTIVE FORWARD LIGHTING LED

AFL LED. СТАВЕТЕ ГИ ДРУГИТЕ СВЕТЛА ВО СЕНКА.

Прилагодливите предни светла LED го осветлуваат патот 30% посветло од халогенските светла и автоматски се прилагодуваат на до 9 ситуации во возењето за оптимална видливост и безбедност.

  • Режим во мирување: Заштедува енергија (кога режимот старт/стоп е вклучен).
  • Рикверц/маневрирање: Ги активира предните аголни светла за полесно паркирање.
  • Статично аголно светло: Дополнително светло LED за подобар поглед зад аголот.
  • Динамично вртење: Над поставената брзина, дополнително светло на релевантната страна.
  • Помош со долги светла: Целосно осветлување. Автоматски ги намалува светлата кога ќе детектира други возила.
  • Во природа: Подолго, пошироко кратко светло без одблесок (над 55 km/час).
  • Во град:Поширокиот опсег ги осветлува пешаците (под 55 km/час).
  • Туристички режим:Ги прилагодува светлата на возење на другата страна од патот.
OPEL EYE

СЕНЗОРИ ШТО НИКОГАШ НЕ СПИЈАТ

Opel Eye користи иновации на база на камера, како препознавање на сообраќајни знаци, предупредување за судир нанапред и предупредување за напуштање на лента за да спречи судари и да ја максимизира безбедноста.

  • Препознавање на сообраќајни знаци: Детектира и прикажува ограничувања на брзината и други сообраќајни знаци што можете да ги промашите.
  • Предупредување при напуштање на лента: Ве предупредува кога ненамерно ќе излезете од вашата лента. Ова помага во спречување на опасни ситуации.
  • Предупредување за судир напред: Ако се приближите пребрзо до друго возило од назад, активира аларм и прикажува црвено светло за предупредување во вашето видно поле
ПРОЕКЦИЈА НА ВЕТРОБРАНСКО СТАКЛО RLAD

РЕФЛЕКТИВЕН ДИСПЛЕЈ СО LED АЛАРМ.

Рефлективниот дисплеј со LED аларм прикажува светло за предупредување во вашето поле на поглед доколку им се приближувате на возилата пребрзо од назад.

ЗАДНА КАМЕРА

ВИДЕТЕ ШТО ИМА ЗАД ВАС.

Задната камера ви помага да враќате во рикверц безбедно без да се напрегате да гледате зад рамото. Посебно паркирањето е многу поудобно и побеабедно.

ОТВОРИ И СТАРТУВАЈ БЕЗ КЛУЧ

МАГИЧНИОТ ДОПИР.

Со Отвори и старувај без клуч, сѐ што ви треба е вашиот врв на прстот да ги отклучите сите врати одеднаш или да го вклучите моторот.

КОНЕКТИВНОСТ
ИНФОЗАБАВА

INTELLILINK. МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ ШТО РАБОТИ.

Одличниот систем R4.0 IntelliLink е целосно компатибилен со Apple CarPlayTM1 и Android AutoTM1 од Google, овозможувајќи ви лесен пристап до карактеристиките на паметен телефон на неговиот голем дисплеј на допир.

Apple CarPlayTM1 и Android AutoTM1 од Google им овозможуваат на корисниците пристап до нивните корисни, компатибилни апликации и функции за време на возењето, како:

  • Користење на телефонот како sat-nav преку Maps
  • Пуштање музика со Spotify
  • Слушање веб-радио со TuneIn или Stitcher
  • Праќање и примање пораки преку WhatsApp и Skype

До овие функции може да се пристапи лесно преку гласовното препознавање на Apple Siri или Google Voice за рацете секогаш да бидат на управувачот и очите на патот.

1Apple CarPlay™ и Android Auto™ можеби не се достапни во сите земји и можат да зависат од верзијата на вашиот Оперативен систем. Ве молиме посетете ги www.apple.com или www.android.com.

НАВИГАЦИЈА

НАЈДОБРАТА SAT NAV.

8” Navi 900 IntelliLink е исто така целосен систем за навигација со поглед од горе. Внесете дестинација преку гласовната команда one-shot или изберете од вашите фаворити.

Уживајте во удобноста со целосно интегрираниот врвен навигациски систем на 8" екран во боја.
Европските мапи се веќе внесени.


Ако автомобилот ви е опремен со Opel OnStar, можете исто така да ги преземете следниве апликации бесплатно директно на почетниот екран:

  • Weather Channel
  • Glympse така што пријателите и семејството автоматски да занаат дека сте на пат накај нив.
ЕФИКАСНОСТ ВО ВОЗЕЊЕТО
4x4 AWD

4x4 = ПОВЕЌЕ ЗАДОВОЛСТВО ПО ТРКАЛО.

MOKKA X секогаш стои цврсто. Во критични ситуации, опционалната интелигентна технологија на сите тркала 4x4 ви дава дополнително триење, стабилност и контрола.

  • Сензорите на AWD ги надгледуваат клучните фактори како брзината на тркалата
  • Ако е потребно, AWD менува од погон на предните тркала на 4x4
  • Возната моќ се пренесува до предните и задните оски
  • Идеално за црниот мраз во град, калливите земјени патишта или снег
ПОМОШ ПРИ ТРГНУВАЊЕ НА НАГОРНИНИ
И КОНТРОЛА ПРИ СЛЕГУВАЊЕ ПО НАДОЛНИНИ

РИДОВИ БЕЗ МАКА.

Без разлика дали возите на стрмни ридови, стрмни градски улици или едноставно се спуштате од катна гаража, со системот за помош при тргнување на нагорнини и системот за контрола при слегување по надолнини, нема никаков ризик да се истркалате на погрешен начин.

1. Помош при тргнување на нагорнини (HSA). Кога тргнувате или паркирате на стрмни нагорнини, HSA автоматски ги држи сопирачките за кратко. Немате ризик да се истркалате на погрешен начин.
2. Контрола при слегување по надолниниl (HDC). HDC ја контролира брзината при возење по надолнини, па не морате да се грижите за сопирање, дури и на стрмни надолнини или при слегување од катни гаражи.

МОТОРИ

ЕФИКАСНОСТ КАДЕ ШТО ТРЕБА.

Моќта дава одлично чувство кога е комбинирана со контрола, што е причината зашто креиравме интелигентна технологија на сите тркала 4x4 и нови, ефикасни мотори за MOKKA X.

  • Лесната шасија ја прави MOKKA X поагилна
  • Изберете го моторот 1.4 Turbo ECOTEC®со 4x4 AWD за најдобро искуство со MOKKA X: 6-sбрзински автоматски пренос, старт/стоп и 112 kW (153 КС).
  • Идеална за возачи на долги патувања, новиот дизел мотор 1.6 CDTI ECOTEC® со старт/стоп ја комбинира економичноста со одличниот одзив. Осто така таа е репер во дизел технологијата со ниска бучава.
  • За да ги минимизирате трошоците за горивото и вашиот придонес во загадувањето на околината, побарајте ја специјалната ознака ecoFLEX
  • Можете да заштедите. Информирајте се за системот старт/стоп што е достапен со пакетот технологија ecoFLEX за заштеда на гориво и издувување.

Потрошувачка на гориво во l/100km: во град 8,6-4,4, на отворено 5,7-3,6, комбинирано 6,7-3,9: издувување CO2 во g/km: комбинирано 155-103.

1.4 Turbo LPG ECOTEC ecoFLEX: потрошувачка на гориво во l/100 km: во град 10,1–9,9 (8,1–7,9), на отворено 6.6–6.3 (5.4–5.1), комбинарно 7.9–7.6 (6.4–6.1); издувување CO2 во g/km: комбинирано 129–124 (147–142). LPG режим (бензиски режим).

Во согласност со регулативите R (EC) бр. 715/2007 и R (EC) бр. 692/2008 (во соодветните верзии).

ПРЕНОС

ГЛАТКИ МЕНУВАЊА.

Практичниот 6-брзински пренос или згодниот рачен пренос со 5 или 6 брзини? Треба само да одлучите, кој пренос на MOKKA X е вистинскиот за вас.

ECOFLEX

ЗАШТЕДЕТЕ ГОРИВО И ИЗДУВУВАЊЕ.

За да ги минимизирате трошоците на горивото и издувувањата, побарајте ја ознаката ecoFLEX и информирајте се за старт/стоп кои се достапни со пакетот технологија за заштеда на гориво и издувувања ecoFLEX.

ВРВНА УДОБНОСТ
ПРЕМИУМ ЕРГОНОМСКИ СЕДИШТА

ВИСИНАТА НА УДОБНОСТА.

Ергономски сертифицирано задоволство: возете се на високо и релаксирајте се во делукс седиште со поддршка на издолжување за бедрата и 'рбетот, која што можете електрично да ја прилагодите за совршено да ви пасува.

Сертифицирано од центарот за ергономија AGR (Кампања за поздрави грбови), седиштето нуди повеќе опции за индивидуално прилагодување, вклучувајќи и прилагодување за латерална позиција, висина на седиштето и агол на седиштето, заедно со интегрирана лумбална поддршка и потпора за бедрата на извлекување. Ова овозможува седиштето да може совршено да се прилагоди на природната положба на 'рбетот.
Дополнително, високата позиција на седење, типична за Mokka, му овозможува на возачот добра прегледност на улицата, како и лесен и удобен пристап на патниците.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ГРЕЕЊЕ

ТОПЛО ДОБРЕДОЈДЕ.

Предните седиште со три нивоа на греење и кожниот управувач со греење претставуваат добродојдена удобност во зима.

ЗВУЧЕН СИСТЕМ BOSE®

ПОГОЛЕМА ВЕРНОСТ.

Шест оптимално поставени звучници Bose® плус Richbass® TM. За бомбастичен, концертен звук што ќе ве остави без зборови. Достапно на моделите со Innovation и Enjoy.

РАЗНОВИДНОСТ
ПРОСТОР ЗА ТОВАРЕЊЕ

ПОЛНА СО ДОБРИ РАБОТИ

Поделба на задните седишта 60/40 на преклопување за проширување на просторот за товарење до вкупен волумен до 1.372 литри1.

 

1Со комплетот за поправка на гуми и без интегриран носач на велосипеди FlexFix®.

НОСАЧ НА ВЕЛОСИПЕДИ

ИНТЕГРИРАН НОСАЧ НА ВЕЛОСИПЕДИ FLEXFIX®

Изберете го опционалниот целосно интегриран носач на целосипеди FlexFixза да ги земете велосипедите со вас и сѐ уште да имате многу место во багажникот.

Системот за носење велосипеди FlexFix® е целосно интегриран држач кој се извлекува од задниот браник на Mokka. Можноста за навалување овозможува лесен пристап до багажникот дури и со поставени велосипеди. Едноставно извлечете го и монтирајте ги велосипедите. Можете да носите до три велосипеди со посебен продолжеток.