Новата Astra.
ЈА ВОЗНЕМИРУВА ПРЕМИУМ КЛАСАТА.
КОНФИГУРАТОР НА АВТОМОБИЛИ
ДИЗАЈН
НАДВОРЕШНОСТ

ФОРМАТА ЈА СЛЕДИ ЖЕЛБАТА.

Остри линии, атлетско вајарство и впечатлива

линија на „летечкиот“ покрив – дизајнот на

Astra го отсликува внатрешниот

динамички потенцијал.

LED СВЕТЛА

ПРЕПОЗНАТЛИВИ LED СВЕТЛА.

Уникатните задни LED светла1 со

препознатливото „крило“ на Opel и

дневните светла влеваат стил и видливост. ¹Опционално

ПРОСТОР ЗА СКЛАДИРАЊЕ

СУПЕРЛЕСНО ТОВАРЕЊЕ.

Со нискиот шраг на багажникот, ќе ја товарите Astra за ниедно време. И ќе можете целосно да го искористите нејзиниот дарежлив простор за складирање.

ТРКАЛА

ПРЕПОЗНАТЛИВИ ТРКАЛА.

Контурите на вашиот автомобил запираат погледи, а вашите гуми кажуваат сѐ. 17-инчни и 18-инчни тркала за моќен став на Astra.

СОНЧЕВ ПОКРИВ

СОНЦЕ И СВЕЖ ВОЗДУХ.

Вдишете свеж воздух со само еден допир на копче. Големиот електричен, стаклен сончев покрив1, со вграден штитник за ветер, ве штити од провев, а со штитникот за сонце топлината ќе остане надвор.1 Опционално

OPC ЛИНИЈА СПОРТСКИ ПАКЕТ

СПОРТСКИ И ДИНАМИЧЕН ДИЗАЈН.

Спортските пакети на линијата OPC за внатрешност

и надворешност ѝ даваат на Astra динамичен,

премиум изглед што е комбинација на висококвалитетни

материјали со исклучителен

дизајн одвнатре, а и однадвор.

Спортските пакети на линијата OPC за внатрешност и надворешност се достапни како посебни опционални додатоци:

Спортскиот пакет на линијата OPC за надворешност1 содржи:
• Спортски дизајн на предниот и задниот дел
• Странични спојлери
• Беџ на спортскиот пакет на линијата OPC

Спортскиот пакет на линијата OPC за внатрешност2 содржи:
● Управувач со рамно дно
● Педали од легура
● Црн таван
● Облога на центалната конзола во Morrocana
● Спортски прекинувач

1 Достано само во одредени бои.
2 Не е достапно со CNG, сончев покрив или основен бензиски мотор. Достапно само кога е опремена со фабричката опрема за навигација и предна камера. 

ИНОВАЦИИ
INTELLILUX LED®

ПРЕДНИ СВЕТЛА INTELLILUX LED® MATRIX.

Видете и бидете видени. Предните светла IntelliLux

LED® Matrix1, први во класата, ви даваат

прегледност со долги светла без да ги

вознемирувате другите возачи.

¹Опционално

Предните светла IntelliLux LED® Matrix автоматски се прилагодуваат, така што можете да возите со долги светла без можноста да ги вознемирувате другите возачи.

Opel употребува интелигентна технологија онаму каде што треба:
– Вашите предни светла се состојат од 16 одделни LED-елементи
– Тие регираат на други возила со исклучување на единечни LED-светилки
– Вашите долги светла никогаш немаат одблесок
– Аголните светла дополнително ја подобруваат безбедноста
– Вие имате оптимално осветлување во секоја ситуација
– Возењето ноќе е побезбедно и многу порелаксирано
– Исклучителната сигурност овозможува максимална долготрајност

OPEL EYE

МУЛТИТАЛЕНТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ.

Opel Eye1 содржи:

  • Помош за препознавање сообраќајни знаци
  • Индикатор за растојание напред
  • Предупредување за судир напред
  • Систем за автоматско, итно сопирање во град
  • Активен индикатор за помош при држење во лента

Помош при препознавање сообраќајни знаци: овој напреден систем за детектирање на сообраќајни знаци ги прикажува ограничувањата на брзината и другите сообраќајни знаци, а дури и препознава привремени електронски знаци.

Индикатор за растојание напред: го мери растојанието до автомобилот пред вас и го предупредува возачот доколку растојанието стане критично.

Предупредување за судир напред: автоматското итно сопирање ве предупредува доколку има опасност да настане судир напред, И, до брзина од 60 km на час, се иницира автоматско итно сопирање.

Индикатор за возење во активната лента: предупредува и овозможува нежно враќање во лентата кога возачот ненамерно ќе започне да застранува од лентата.


1 Опционално

ПРИСТАП БЕЗ КЛУЧ.

ОТВОРАЊЕ И СТАРТУВАЊЕ БЕЗ КЛУЧ.

Системот за отворање и стартување¹ го препознава клучот и автоматски го отклучува возилото кога ќе му се приближите. Ви овозможува и стартување и сопирање без клуч со едноставно притискање на копче. ¹Опционално

ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ

ЛЕСНО ПАРКИРАЊЕ.

Паркирање за професионалци: Совршеното

паркирање до милиметар е побрзо со

напредната помош при паркирање и

задната камера1.1Опционално

АВТОМАТСКИ ТЕМПОМАТ

ВИСТИНСКО ДИРЕКТОРСКО ВОЗЕЊЕ.

Aвтоматскиот темпомат со целосен опсег на брзината овозможува возачко искуство без стрес.

Преку автоматско забрзување или успорување помеѓу брзини од 30 km/час до 180 km/час,  автоматскиот темпомат помага во одржување безбедно растојание до автомобилот пред вас во секое време.

Автоматски темпомат со целосен опсег на брзината.2. Дизајниран за сообраќајни метежи, FSRA овозможува темпоматот да работи дури и кога целосно ќе го запрете возилото.

2 Достапно само со одредени мотори и преноси.

ДОБРОСОСТОЈБА
СЕДИШТА AGR

КАЖЕТЕ ИМ ЗБОГУМ НА БОЛКИТЕ ВО ГРБОТ.

Подобрете ја вашата добросостојба со мултиприлагодливите ергономски предни

седишта AGR¹ и велнес седиште за возач AGR¹

со кожа2 и опција за масажа и вентилација.

¹Опционално

2 Содржи вметнати делови од PVC

Ергономски предни седишта AGR за возач/совозач со сертификат од германското здружение AGR (Кампања за поздрави грбови), центар за совршенство во ергономијата. Предните седишта AGR, со широк избор на можности за прилагодување, вклучувајќи и лумбална поддршка и продолжеток на перничето на седиштето, ви дозволуваат совршено да ја подесите вашата омилена седечка позиција. Внесете луксуз во вашиот ден со седиштето Wellness AGR со вградени функции за масажа, вентилација и меморија на вашите лични подесувања.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЗАГРЕВАЊЕ

ГРЕЕЊЕ НА СЕДИШТАТА И УПРАВУВАЧОТ.

Со загреаните предни, па дури и задни

седишта, плус загреаниот управувач1

брзо ќе се загреете во ладните утра. ¹Опционално

AIRWELLNESS

РЕЛАКСИРАЈТЕ СЕ МАКСИМАЛНО.

Иновативната карактеристика AirWellness на Opel

ја освежува внатрешноста со една или две

нежни ароми – енергичното темно дрво или

балансирачкиот зелен чај.

Овој модуларен велнес систем е флексибилен и ви овозможува да прикачите и универзален држач за паметен телефон1 на централната конзола.

¹Опционално

ПАМЕТНИ СОПИРАЧКИ

ЕЛЕКТРИЧНА ПАРКИРНА СОПИРАЧКА.

Системот автоматски се отпушта кога се враќате наназад. Исто

така ослободува простор за погодната висока средишна конзола

и наслонот за раце.

ЕФИКАСНОСТ ВО ВОЗЕЊЕТО
МОТОРИ

НОВА ГЕНЕРАЦИЈА МОТОРИ КОИ ДАВААТ ЕНЕРГИЈА.

Спортски, глатки и реактивни. Изберете од дизел моторите до 118 kW (160 КС) или бензински мотори до 147 kW (200 КС) и најново достапниот CNG со 82 kW (110 КС) што е суперекономичен.

Потрошувачка на гориво во l/km: во град 8,0–3,8, на отворено 3,1–5,1, комбинирано 3,4–6,2; издувување CO2 во g/km: комбинирано 89-142.

Во согласност со регулативите R (EC) бр. 715/2007 и R (EC) бр. 692/2008 (во соодветните верзии).

ПРЕНОС

ЗГОЛЕМЕТЕ ЈА БРЗИНАТА!

Преносот на Astra ќе ве возбуди.

Изберете помеѓу 5 или 6 – брзинскиот

мануелен или автоматски менувач или

5 – брзинскиот Easytronic 3.0®.

5 или 6-брзинскиот мануелен пренос работи глатко и нуди одлична прецизност. Easytronic 3.0® дури ќе ви овозможи да уживате во спортското возење со издувување од помалку од 100g CO2 на km. Изберете го нашиот 6-брзински автоматски пренос за удобно, високоефикасно возење, особено во комбинација со системот старт/стоп.

СПОРТСКИ ПРЕКИНУВАЧ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШЕТО ВОЗЕЊЕ.

Спортскиот прекинувач ја изострува реакцијата

на педалата за гас и управувањето.

ECOTEC®

ЗАШТЕДЕТЕ ГОРИВО СО ECOTEC®.

ECOTEC® технологиите ја намалуваат

потрошувачката на гориво и издувувањето.

ECOTEC® помошта при возење ви

овозможува да возите со оптимална

ефикасност.

ШАСИЈА

СУСПЕНЗИЈА СО ВАТОВО ПОВРЗУВАЊЕ.

Суспензијата со Ватово поврзување на Astra

Sport Tourer овозможува безбедно ракување без

напор. Сѐ на сѐ - супериорно возење.

КОНЕКТИВНОСТ
НАВИГАЦИЈА

СЕКОГАШ НА ПРАВИОТ ПАТ.

Лоцирајте ги точните насоки со вградениот инфозабавен систем за навигација Navi 900 IntelliLink®1 што содржи револуционарни карактеристики за конективност.

1 Oпционално

Системот за инфозабава Navi 900 IntelliLink® ги содржи следниве карактеристики:
• 8-инчен екран на допир во боја1
• Вградена сателитска навигација со 3Д прегледи
• Компатибилен со Apple CarPlay™2 и Android Auto™3
• Гласовно препознавање
• 4,2-инчен екран на групата инструменти, делумно опционален
• Антена-ајкула
• Опција за CD-плеер
• Радио функција AM/FM

1Компатибилноста и функциите може да зависат од вашиот уред и верзијата на ОС.
2Apple CarPlay и Apple се трговски марки на Apple Inc., регистрирана во САД и други земји. Apple CarPlay™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот Оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.apple.com.
3Android е трговска марка на Google Inc. Android Auto™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот Оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.android.com.

INTELLILINK

КОНЕКТИВНОСТ ВОДЕЧКА ВО КЛАСАТА СО INTELLILINK.

Поврзете се лесно со мултимедијалниот систем

сѐ-во едно R 4.0 IntelliLink што е компатибилен

со Android Auto™,5 од Google или Apple CarPlay™,5.

1Oпционално

R 4.0 IntelliLink® ги содржи следниве карактеристики:
• 7-ичен екран на допир
• Компатибилен со Apple CarPlay™1 и Android Auto™2
• Bluetooth® за хендзфри телефонирање, аудио-стрминг и пристап до телефонскиот именик3
• Радио функција AM/FM
• Гледање на фотографии и видео преку USB3

1Apple CarPlay и Apple се трговски марки на Apple Inc., регистрирана во САД и други земји. Apple CarPlay™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот Оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.apple.com.
2Android е трговска марка на Google Inc. Android Auto™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот Оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.android.com.
3Само со компатибилни уреди

РАДИО

ЕДНОСТАВНО ПАМЕТНО.

R300 BT е далеку повеќе од радио. Bluetooth®

за хендзфри телефон и аудио-стриминг и

приклучокот USB ве поврзуваат

со дигиталниот свет.

ПРИКЛУЧОЦИ USB

КОНЕКЦИИ ЗА ПАТНИЦИТЕ.

Вашите патници назад имаат 2 приклучока USB,

така што нема да се препираат за еден!