Adam Unlimited
Најновиот член на семејството ADAM ви дава целосна слобода: можете да ја изберете бојата на покривот, тапацирот, тркалата и внатрешниот и надворешниот декор. Со други зборови, ADAM UNLIMITED ви ја нуди секоја можност. А она што е уште подобро, стандардната опрема е крајно дарежлива.
Adam Jam
Никогаш нема да излезете од мода со ADAM JAM. Високопрофилен изглед, вистински карактер и огромна доза на забава ќе ве следат секогаш. Каде и да возите, вашиот ADAM JAM и вие ќе го имате совршениот став.
Adam Glam
Подгответе се за гламур: ADAM GLAM го претвора патот во модна писта. Неверојатните комбинации на бои, хромираните елементи од високата класа, елегантните бои на тапацирот и панорамскиот сончев покрив ќе ве направат ѕвезда во улицата.
Adam Slam
Атлетски, моќен и импулсивен – ADAM SLAM има вистински карактер и го демонстрира со посебно агилната спортска суспензија. Сега можете да му дадете на мускулестиот и динамичен дизајн ваш сопствен печат.
Adam Unlimited
Adam Jam
Adam Glam
Adam Slam
ДИЗАЈН
НАДВОРЕШНОСТ

ВЛЕЗЕТЕ И ИСТАКНЕТЕ СЕ.

Атлетски, моќен и импулсивен. Сега можете на неговиот мускулест и динамичен дизајн да му дадете ваши лични елементи.

ВНАТРЕШНОСТ

ИНЗВОНРЕДЕН ОД ВНАТРЕ.

ADAM не е изгледа добро само од надвор. И внатрешноста носи стил и исконско чувство. Како главен дизајнер на ADAM, сѐ ќе добиете токму како што сакате.

ИНДИВИДУАЛИЗАЦИЈА

ВАША ЛИЧНОСТ. ВАШ СТИЛ.

ADAM не е како останатите автомобили: ADAM е уникатен. Што го прави толку посебен? Безбројните опции за персонализација. Можете да составите ADAM што совршено ќе ви одговара на вашиот карактер.

BLACK JACK

ADAM BLACK JACK.

Вистински приказ на вашата динамична личност. Пакетот BLACK JACK ги отвора сите опции и додатоци кои ви овозможуваат да го конфигурирате автомобилот од вашите соништа со стилски изглед на BLACK JACK.

ADAM BLACK JACK го вклучува следново:

  • Црн покрив
  • Црни капаци на ретровизорите
  • Црна хауба
  • Неограничен избор на конфигурабилност, опции и додатоци
ВНАТРЕШЕН ПОКРИВ СО LED

ЅВЕЗДИ ВО АВТОМОБИЛОТ.

Дали некогаш сте посакале ѕвездено небо? ADAM ви го овозможува тоа. Само вклучете го внатрешниот покрив и уживајте во ѕвезденото небо!

ИНОВАЦИИ
Помош при паркирање

ЛЕСНО ПАРКИРАЊЕ.

Напредната помош при паркирање детектира паркинг место и го пресметува совршениот маневар. Само изберете со менувачот напред или назад и управувајте со гаста или сопирачката.

Сликата може да се разликува од производот на продажба.

Предупредување за странична слепа точка

НИЕ СМЕ НА ВАША СТРАНА.

Предупредувањето за слепа странична точка користи ултрасонично скенирање на страните и задната страна на автомобилот. Трепкачко светло во соодветниот надворешен ретровизор ве предупредува за каква било опасност.

Дневни светла LED и задни светла LED

ВИДЕТЕ И ВИДЕТЕ ВИДЕНИ.

Дневните светла LED и задните светла LED ја подобруваат безбедноста на патот и изгледаат одлично. Тие се први во сегментот и многу енергетски ефикасни.

Пакет за внатрешно осветлување во повеќе бои

ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ.

Пакетот за внатрешно осветлување во повеќе бои ви дозволува да експериментирате со амбиенталното осветлување во вашиот автомобил. Менувајте помеѓу 8 различни бои.

ДОБРОСОСТОЈБА
Опции за греење

ЗАГРЕЈТЕ СЕ.

Кажете му НЕ на мразот со зимскиот пакет на ADAM. Добивате греење на предните седишта или управувачот – или двете Целиот систем се управува преку прекинувач на таблата.

Спортски седишта Recaro

МЕКА НА ДИЗАЈНОТ.

Седиштата на ADAM се супер-удобни и,се разбира, тие можат да се персонализираат. Изберете од огромната понуда на прекрасни кожи и ткаенини.

Панорамски сончев покрив

ВИЕ ГО ИЗБИРАТЕ ВРЕМЕТО.

Сите го сакаат сонцето. Затоа можете да го опремите вашиот ADAM со опционален панорамски сончев покрив. Изобилството на светло ја прави внатрешноста да изгледа поголема и посветла.

ЕФИКАСНОСТ ВО ВОЗЕЊЕТО
Мотори

ИЗБОР НА МОЌ.

ADAM ви нуди одличен избор на ефикасни мотори, на пример ефикасни уникати: 3-цилиндарскиот 1.0 ECOTEC Direct Injection Turboсо 66 kW (90 КС)1 или 85 kW (115 КС)² и 1.4 LPG³ ecoFLEX за долги и кратки растојанија. А пакетот на технологијата ecoFLEX ја намалува потрошувачката, трошоците и издувувањето CO2 со помош на старт/стоп и други зелени технологии.

1 Потрошувачка на гориво во l/100 km: во град 5.5-5.3, на отворено 3.9-3.6, комбинирано 4.5-4.2; издувување CO2 во g/km: комбинирано 105-99. Класа на ефикасност В-А.


2 Потрошувачка на гориво во l/100 km: во град 6.3-6.1, на отворено 4.4-4.1, комбинирано 5.1-4.9; издувување CO2 во g/km: комбинирано 119–114. Класа на ефикасност С.


3 Потрошувачка на гориво во l/100 km: во град 8.7–8.6 (7.1), на отворено 5.5 (4.4), комбинирано 6.7–6.6 (5.4); издувување CO2 во g/km: комбинирано 109–108 (125–124). Класа на ефикасност С-. Овие вредности се прелиминарни.

(Во согласност со Регулативата бр. 715/2007)

Пренос

Изгладен менувач.

ADAM ви нуди 5-брзински и 6-брзински рачен пренос или 5-брзински Еаsytronic® 3.0, кој ја комбинира удобноста на автоматскиот и ефикасноста на рачниот пренос.

Градски режим

КРСТАРЕТЕ НИЗ ГРАДОТ.

Сакате да ги намалите напорите за маневрирање при ниски брзини? Градскиот режим додава електронска контрола при вашето маневрирање. Само вклучете го прекинувачот и уживајте во совршено возење.

КОНЕКТИВНОСТ
Navi 4.0 IntelliLink

ПРИСТИГНЕТЕ НА ВРЕМЕ.

Специфицирајте прецизна и практична маршрута со вградениот Navi 4.0 IntelliLink кој вклучува револуционерни функции за поврзување.

Navi 4.0 IntelliLink ги вклучува следниве карактеристики:

  • Вградена сателитска навигација
  • Структуриран внес на дестинација или во 1 ред
  • 7-инчен екран на допир во боја
  • Компатибилен со Apple CarPlay™1 и Android Auto™2
  • Интерфејс Bluetooth® за хендзфри разговори, аудио стриминг и пристап до именикот3
  • Радио функција AM/FM
  • Пуштање видеа преку USB3


1Apple CarPlay и Apple се трговски марки на Apple Inc., регистрирана во САД и други земји. Apple CarPlay™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.apple.com.
2Android е трговска марка на Google Inc. Android Auto™ може да не е достапна во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.android.com
3Само со компатибилни уреди

IntelliLink R 4.0

НИШТО НЕМА ПОДОБРО ОД ДОБРА КОНЕКЦИЈА.

Со R 4.0 IntelliLink можете да ги поврзете сите ваши уреди преку Bluetooth® и USB и ви дозволува контрола на сите карактеристика преку дарежливиот 7-инчен екран на допир во боја.

Паметен телефон или таблет, Android или iOS – нашиот наградуван мултимедијален систем сѐ-во-едно беспрекорно се поврзува со сите уреди1. Со Apple CarPlay™2 или Android Auto™2 можете да користите одредени апликации и функции преку 7-инчниот екран на допир во боја или преку гласовното управување.

1 Компатибилноста и одредени функции може да се разликуваат во зависност од уредите и верзиите на оперативни системи што се користат.
2 Apple CarPlay и Apple се трговски марки на Apple Inc.,регистрирани во САД и други земји.
3 Androidе трговска марка на Google Inc. Може да не е достапно во вашата земја. За достапност на глобалните пазари, ве молиме проверете на веб-страниците на Apple  и Google/Android.

Безжично полнење

КАБЛИТЕ СЕ ОД 90-ТЕ.

Енергија за вашиот паметен телефон: благодарение на безжичното полнење1, можете да го полните вашиот мобилен телефон без да ви се плеткаат кабли.

1 Мобилните телефони компатибилни со PMA или Qi можат да се полнат

Целосно интегрираниот безжичен полнач ви овозможува да ја полните батеријата на вашиот телефон преку електромагнетно поле, со што ќе се намали нередот и потребата од кабли. Едноставно поставете го вашиот паметен телефон во интегрираниот полнач и безжичното полнење ќе започне веднаш. Мобилните телефони компатибилни со PMA или Qi можат да се полнат индуктивно. Заден капак со интегрирана намотка (на пример, Samsung 4 и 5) или приклучок (на пример, некои iPhone модели) може да е потребен за да полните мобилен телефон.

Подвижна навигација

ЌЕ ОДАМ ПО ПРАВИОТ ПАТ.

Секогаш знајте каде сте со системот за навигација TOMTOM GO 40. Пректично е сместен во полначот FlexDock, така што ќе можете да го гледате дури возите.

Системот за навигација TOMTOM GO 40 совршено се вклопува во држачот FlexDock на Opel, каде исто така може и да се полни. Се нуди со Доживотна услуга TomTom за сообраќај за да стигнете до вашата дестинација побрзо, додавајќи уште поголема безбедност со 4,3-инчниот екран, 3D-мапите и мапа на Европа (45 земји).

Држач за паметен телефон

ДОБРО ПОВРЗАН.

Паметниот држач за паметни телефони FlexDock® овозможува безбеден и практичен начин за да го прицврстите и полните вашиот паметен телефон во автомобилот. Има прилагодлив агол, со што ќе обезбедите одличен видик.

Лесно ќе можете да ги користите сите функции на паметниот телефон со безжичниот пристап до сите медиуми. FlexDock® ви овозможува да го полните вашиот паметен телефон додека возите. На него можат да се постават уреди со разни големини (Ш 104 mm-127 mm; В 50 mm-70 mm; Д 7,5 mm-15 mm)