ADAM S
Некомпромитираната работа на ADAM S доаѓа од оптималната комбинација на специјално подесената спортска суспензија и моторот со висок вртежен момент. Неговиот воодушевувачки дизајн го нагласува фактот: „S“ во ADAM S значи „Спортска Ѕвезда“.
ДИЗАЈН
НАДВОРЕШНОСТ НА ADAM S

СПОРТСКИ АВТОМОБИЛ СО СТИЛ

Дизајнот на ADAM S зборува за себе. Спојлерот на покривот, страничните плочки на прагот, предниот спојлер и продолжениот заден браник на S го комплетираат неговиот целосно атлетски изглед и ја истакнуваат неговата намена: спортски дух во најдинамичната форма.

ВНАТРЕШНОСТ

ИЗВОНРЕДЕН ОД ВНАТРЕ.

ADAM S не е спектакуларен само од надвор. Можете да користите елементи како тапацир, ретровизори, лепенки или осветлен внатрешен покрив за да го креирате вашиот сопствен стил.

ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

ВАШ КАРАКТЕР. ВАШ СТИЛ.

ADAM S не е како останатите автомобили: тој е уникатен. Што го прави толку посебен? Безбројните опции за персонализација. Можете да составите ADAM S што совршено ќе ви одговара на вашиот карактер.

ВНАТРЕШЕН ПОКРИВ СО LED

ЅВЕЗДИ ВО АВТОМОБИЛОТ.

Дали некогаш сте посакале ѕвездено небо? ADAM S ви го овозможува тоа. Само вклучете го внатрешниот покрив и уживајте во ѕвезденото небо!

ИНОВАЦИИ
Помош при паркирање

ЛЕСНО ПАРКИРАЊЕ.

Напредната помош при паркирање детектира паркинг место и го пресметува совршениот маневар. Само изберете со менувачот напред или назад и управувајте со гаста или сопирачката.

Предупредување за странична слепа точка

НИЕ СМЕ НА ВАША СТРАНА.

Предупредувањето за слепа странична точка користи ултрасонично скенирање на страните и задната страна на автомобилот. Трепкачко светло во соодветниот надворешен ретровизор ве предупредува за каква било опасност.

Дневни светла LED
и задни светла LED

ВИДЕТЕ И ВИДЕТЕ ВИДЕНИ.

Дневните светла LED и задните светла LED ја подобруваат безбедноста на патот и изгледаат одлично. Тие се први во сегментот и многу енергетски ефикасни.

Пакет за внатрешно осветлување во повеќе бои

ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ.

Пакетот за внатрешно осветлување во повеќе бои ви дозволува да експериментирате со амбиенталното осветлување во вашиот автомобил. Менувајте помеѓу 8 различни бои.

ДОБРОСОСТОЈБА
Опции за греење

ЗАГРЕЈТЕ СЕ.

Кажете му НЕ на мразот со зимскиот пакет на ADAM Ѕ. Добивате греење на предните седишта или управувачот – или двете. Целиот систем се управува преку прекинувач на таблата.

Спортски седишта Recaro

ЧУВСТВОТО НА ТРКАЧКА ПАТЕКА.

Врзете се и одиме: благодарение на анатомската прилагодливост и спортската седечка позиција, седиштата Recaro нудат идеални услови за динамично, безбедно и релаксирано возење.

Панорамски сончев покрив

ВИЕ ГО ИЗБИРАТЕ ВРЕМЕТО.

Сите го сакаат сонцето. Затоа можете да го опремите вашиот ADAM S со опционален панорамски сончев покрив. Изобилството на светло ја прави внатрешноста да изгледа поголема и посветла.

ЕФИКАСНОСТ ВО ВОЗЕЊЕТО
Мотори

ИЗБОР НА МОЌ.

ADAM S ќе ве воодушеви со силните перформанси на моќниот мотор 1.4 Turbo ecoFLEX со 110 kW (150 КС), 6-брзински менувач и системот старт/стоп.

Потрошувачка на гориво во l/100 km: во град 7,6, на отворено 4,9, комбинирано 5,9; издувување CO2 во g/km: комбинирано 139. Класа на ефикасност D

(Во согласност со Регулативата бр. 715/2007)

Перформанси на спортска суспензија

ЧУВСТВО НА КАРТИНГ.

Искусете совршено ракување и извонредна удобност при возењето благодарение на перформансите на спортската суспензија дизајнирана специјално за ADAM S.

КОНЕКТИВНОСТ
Инфозабава

НИШТО НЕМА ПОДОБРО ОД ДОБРА КОНЕКЦИЈА.

Со R 4.0 IntelliLink можете да ги поврзете сите ваши уреди преку Bluetooth® и USB и ви дозволува контрола на сите карактеристика преку дарежливиот 7-инчен екран на допир во боја.

Паметен телефон или таблет, Android или iOS – нашиот наградуван мултимедијален систем сѐ-во-едно беспрекорно се поврзува со сите уреди1. Со Apple CarPlay™ 2 или Android Auto™ 2 можете да користите одредени апликации и функции преку 7-инчниот екран на допир во боја или преку гласовното управување.

1 Компатибилноста и одредени функции може да се разликуваат во зависност од уредите и верзиите на оперативни системи што се користат.
2 Apple CarPlay и Apple се трговски марки на Apple Inc.,регистрирани во САД и други земји.
3 Androidе трговска марка на Google Inc.2 Може да не е достапно во вашата земја. За достапност на глобалните пазари, ве молиме проверете на веб-страниците на Apple  и Google/Android..

КАБЛИТЕ СЕ ОД 90-ТЕ.

КАБЛИТЕ СЕ ОД 90-ТЕ.

Енергија за вашиот паметен телефон: благодарение на безжичното полнење1, можете да го полните вашиот мобилен телефон без да ви се плеткаат кабли.

1 Мобилните телефони компатибилни со PMA или Qi можат да се полнат индуктивно.

Целосно интегрираниот безжичен полнач ви овозможува да ја полните батеријата на вашиот телефон преку електромагнетно поле, со што ќе се намали нередот и потребата од кабли. Едноставно поставете го вашиот паметен телефон во интегрираниот полнач и безжичното полнење ќе започне веднаш. Мобилните телефони компатибилни со PMA или Qi можат да се полнат индуктивно. Заден капак со интегрирана намотка (на пример, Samsung 4 и 5) или приклучок (на пример, некои iPhone модели) може да е потребен за да полните мобилен телефон.

Преносна навигација

ЌЕ ОДАМ ПО ПРАВИОТ ПАТ.

Секогаш знајте каде сте со системот за навигација TOMTOM GO 40. Пректично е сместен во полначот FlexDock, така што ќе можете да го гледате дури возите.

Системот за навигација TOMTOM GO 40 совршено се вклопува во држачот FlexDock на Opel, каде исто така може и да се полни. Се нуди со Доживотна услуга TomTom за сообраќај за да стигнете до вашата дестинација побрзо, додавајќи уште поголема безбедност со 4,3-инчниот екран, 3D-мапите и мапа на Европа (45 земји).

Преносна навигација

ДОБРО ПОВРЗАН.

Паметниот држач за паметни телефони FlexDock® овозможува безбеден и практичен начин за да го прицврстите и полните вашиот паметен телефон во автомобилот. Има прилагодлив агол, со што ќе обезбедите одличен видик.

Лесно ќе можете да ги користите сите функции на паметниот телефон со безжичниот пристап до сите медиуми. FlexDock® ви овозможува да го полните вашиот паметен телефон додека возите. На него можат да се постават уреди со разни големини (Ш 104 mm-127 mm; В 50 mm-70 mm; Д 7,5 mm-15 mm)