ADAM ROCKS UNLIMITED
Она што може ADAM да го направи, ADAM ROCKS го прави уште подобро: дизајнирајте го вашиот мини кросовер ADAM ROCKS UNLIMITED токму како што сакате.
ADAM ROCKS
Opel ADAM ROCKS е концепт прераснат во реалност. Тоа е едноставно супер градско и теренско мини возило.
ADAM ROCKS UNLIMITED
ADAM ROCKS
ДИЗАЈН
НАДВОРЕШНОСТ

МИНИ КРОСОВЕР. МАКСИМАЛЕН ШАРМ.

Вистински кросовер стил. ADAM ROCKS го остава својот белег на кој било град. Кај овој уникатен кросовер, Opel ја подигна шасијата за 15 mm – а со тоа и границата за модерната мини CUV-класа.

ВНАТРЕШНОСТ

ИЗВОНРЕДЕН ОД ВНАТРЕ.

Освен ексклузивните опции за ADAM ROCKS, можете исто така да избирате од богатата понуда на ткаенина и кожа за ADAM.

ИНДИВИДУАЛИЗАЦИЈА

ВАША ЛИЧНОСТ. ВАШ СТИЛ.

ADAM ROCKS не е како останатите автомобили: тој е уникатен. Што го прави толку посебен? Безбројните опции за персонализација. Можете да составите ADAM ROCKS што совршено ќе ви одговара на вашиот карактер.

ПЛАТНЕН ПОКРИВ НА СОБИРАЊЕ SWING TOP

ВДИШЕТЕ СВЕЖ ВОЗДУХ.

ADAM ROCKS ве носи на места и ви отвора нови видици. Посебно со опционалниот подвижен покрив од ткаенина. Само притиснете го копчето и се отвора за пет секунди: уживајте во свежиот воздух!

ВНАТРЕШЕН ПОКРИВ СО LED

ЅВЕЗДИ ВО АВТОМОБИЛОТ.

Дали некогаш сте посакале ѕвездено небо? ADAM ROCKS ви го овозможува тоа. Само вклучете го внатрешниот покрив и уживајте во ѕвезденото небо!

ИНОВАЦИИ
Помош при паркирање

ЛЕСНО ПАРКИРАЊЕ.

Напредната помош при паркирање детектира паркинг место и го пресметува совршениот маневар. Само изберете со менувачот напред или назад и управувајте со гаста или сопирачката.

Предупредување за странична слепа точка

НИЕ СМЕ НА ВАША СТРАНА.

Предупредувањето за слепа странична точка користи ултрасонично скенирање на страните и задната страна на автомобилот. Трепкачко светло во соодветниот надворешен ретровизор ве предупредува за каква било опасност.

Дневни светла LED и задни светла LED

ВИДЕТЕ И ВИДЕТЕ ВИДЕНИ.

Дневните светла LED и задните светла LED ја подобруваат безбедноста на патот и изгледаат одлично. Тие се први во сегментот и многу енергетски ефикасни.

Пакет за внатрешно осветлување во повеќе бои

ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ.

Пакетот за внатрешно осветлување во повеќе бои ви дозволува да експериментирате со амбиенталното осветлување во вашиот автомобил. Менувајте помеѓу 8 различни бои.

ДОБРОСОСТОЈБА
Опции за греење

ЗАГРЕЈТЕ СЕ.

Кажете му НЕ на мразот со зимскиот пакет на ADAM Ѕ. Добивате греење на предните седишта или управувачот – или двете. Целиот систем се управува преку прекинувач на таблата.

Удобност при седење

МЕКА НА ДИЗАЈНОТ.

Седиштата на ADAM ROCKS се супер-удобни и,се разбира, тие можат да се персонализираат. Изберете од огромната понуда на прекрасни кожи и ткаенини.

Панорамски сончев покрив

ВИЕ ГО ИЗБИРАТЕ ВРЕМЕТО.

Сите го сакаат сонцето. Затоа можете да го опремите вашиот ADAM ROCKS со опционален панорамски сончев покрив. Изобилството на светло ја прави внатрешноста да изгледа поголема и посветла.

ЕФИКАСНОСТ ВО ВОЗЕЊЕТО
Мотори

ИЗБОР НА МОЌ.

ADAM ROCKS ви нуди одличен избор на ефикасни мотори. 3-цилиндарскиот 1.0 ECOTEC Direct Injection Turboсо 66 kW (90 КС)1 или 85 kW (115 КС)² е инженерско ремек-дело. А пакетот на технологијата ecoFLEX ја намалува потрошувачката, трошоците и издувувањето CO2 со помош на старт/стоп и други зелени технологии.

1Потрошувачка на гориво во l/100 km: во град 5,4-5,3, на отворено 3,8, комбинирано 4,4-4,3; издувување CO2 во g/km: комбинирано 101-100. Класа на ефикасност В-А.
2Потрошувачка на гориво во l/100 km: во град 6,0-5,8, на отворено 4,2-4,0, комбинирано 4,9-4,7; издувување CO2 во g/km: комбинирано 112-108. Класа на ефикасност С.
3Потрошувачка на гориво во l/100 km: во град 8,7-8,6, на отворено 5,5-4,4, комбинирано 6,7-6,6 (5,4); издувување CO2 во g/km: комбинирано 109-108. Класа на ефикасност С-. Овие вредности се прелиминарни.

(Во согласност со Регулативата бр. 715/2007)

Пренос

Изгладен менувач.

ADAM ROCKS ви нуди 5-брзински и 6-брзински рачен пренос или 5-брзински Еаsytronic® 3.0, кој ја комбинира удобноста на автоматскиот и ефикасноста на рачниот пренос.

Градски режим

КРСТАРЕТЕ НИЗ ГРАДОТ.

Сакате да ги намалите напорите за маневрирање при ниски брзини? Градскиот режим додава електронска контрола при вашето маневрирање. Само вклучете го прекинувачот и уживајте во совршено возење.

КОНЕКТИВНОСТ
Инфозабава

НИШТО НЕМА ПОДОБРО ОД ДОБРА КОНЕКЦИЈА.

Со R 4.0 IntelliLink можете да ги поврзете сите ваши уреди преку Bluetooth® и USB и ви дозволува контрола на сите карактеристика преку дарежливиот 7-инчен екран на допир во боја.

Паметен телефон или таблет, Android или iOS – нашиот наградуван мултимедијален систем сѐ-во-едно беспрекорно се поврзува со сите уреди1. Со Apple CarPlay™ 2 или Android Auto™ 2 можете да користите одредени апликации и функции преку 7-инчниот екран на допир во боја или преку гласовното управување.

1 Компатибилноста и одредени функции може да се разликуваат во зависност од уредите и верзиите на оперативни системи што се користат.
2 Apple CarPlay и Apple се трговски марки на Apple Inc.,регистрирани во САД и други земји.
3 Androidе трговска марка на Google Inc.2 Може да не е достапно во вашата земја. За достапност на глобалните пазари, ве молиме проверете на веб-страниците на Apple  и Google/Android..

Безжично полнење

КАБЛИТЕ СЕ ОД 90-ТЕ.

Енергија за вашиот паметен телефон: благодарение на безжичното полнење1, можете да го полните вашиот мобилен телефон без да ви се плеткаат кабли.

1 Мобилните телефони компатибилни со PMA или Qi можат да се полнат индуктивно.

Целосно интегрираниот безжичен полнач ви овозможува да ја полните батеријата на вашиот телефон преку електромагнетно поле, со што ќе се намали нередот и потребата од кабли. Едноставно поставете го вашиот паметен телефон во интегрираниот полнач и безжичното полнење ќе започне веднаш. Мобилните телефони компатибилни со PMA или Qi можат да се полнат индуктивно. Заден капак со интегрирана намотка (на пример, Samsung 4 и 5) или приклучок (на пример, некои iPhone модели) може да е потребен за да полните мобилен телефон.

Преносна навигација

ЌЕ ОДАМ ПО ПРАВИОТ ПАТ.

Секогаш знајте каде сте со системот за навигација TOMTOM GO 40. Пректично е сместен во полначот FlexDock, така што ќе можете да го гледате дури возите.

Системот за навигација TOMTOM GO 40 совршено се вклопува во држачот FlexDock на Opel, каде исто така може и да се полни. Се нуди со Доживотна услуга TomTom за сообраќај за да стигнете до вашата дестинација побрзо, додавајќи уште поголема безбедност со 4,3-инчниот екран, 3D-мапите и мапа на Европа (45 земји).

FlexDock®

ДОБРО ПОВРЗАН.

Паметниот држач за паметни телефони FlexDock® овозможува безбеден и практичен начин за да го прицврстите и полните вашиот паметен телефон во автомобилот. Има прилагодлив агол, со што ќе обезбедите одличен видик.

Лесно ќе можете да ги користите сите функции на паметниот телефон со безжичниот пристап до сите медиуми. FlexDock® ви овозможува да го полните вашиот паметен телефон додека возите. На него можат да се постават уреди со разни големини (Ш 104 mm-127 mm; В 50 mm-70 mm; Д 7,5 mm-15 mm)